1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Спречен атентат врз Тереза Меј?

Британските безбедносни органи, според медиумски извештаи, спречиле неколку напади во земјата, вклучувајќи и можен обид за атентат врз премиерката. Тој требало да ја погоди Меј директно во Даунинг стрит 10.

Ова го јави телевизијата „Скај њус", повикувајќи се на сопствените и на истражувања на весникот „Тајмс". Планот, според овие извештаи, предвидувал употреба на експлозив пред премиерската канцеларија во Даунинг стрит 10 и последователен целен напад врз премиерката Тереза Мај во метежот по експлозијата.

Девет напади спречени од крајот на 2016 година

Двата медиума, како и Би-Би-Си објавија дека двајца мажи биле уапсени и денеска би требало да бидат изведени пред  истражен судија. Официјална изјава на властите за ваквите медиумски извештаи сѐ уште нема. Неколку часа претходно, шефот на британската контра-разузнавачка служба МИ5,  Ендрју Паркер, го известил владиниот кабинет во Лондон дека во текот на изминатите 12 месеци биле спречени  девет терористички напади во земјата. Меѓутоа, тој не изнесол повеќе детали за ова.

England MI5 in London (picture alliance/dpa/EPA/H. Villalobos)

Седиштето на МИ5 во Лондон

Велика Британија годинава веќе петпати беше цел на терористички напади во Лондон и во Манчестер. Вкупно 36 лица, вклучувајќи и децата, ги загубија животите во нападите.

Повеќе на темата:

-Светот тагува со Манчестер

-Со единство и солидарност против тероризмот

-Меј зборува за „терористички напад“

Паркер во говор пред неколку недели изјави дека опасноста од исламистичките терористи е поголема од кога било. Постои „драматично зголемување на заканите" во Велика Британија. Движечката сила за тоа е „убиствена стратегија" на терористичката милиција  „Исламска држава" (ИД) и нејзината онлајн пропаганда. Контра-разузнувачката служба  во моментов спроведува 500 истраги во кои се опфатени 3.000 екстремисти.

 

DW.COM