1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Спречени терористички напади на Ал Каеда во Европа

Западните разузнавачки служби спречиле заговор на Ал Каеда за напади во Британија, Франција и Германија. Заговорот бил во почетна фаза, заканата од него е намалена по убиството на повеќе лидери на Ал Каеда во Пакистан.

default

И во Германија не попушта будноста

Портпарол на германското министерство за внатрешни работи ги потврди информациите на вториот канал на германската телевизија, како и медиумски извештаи од Велика Британија и САД за спречени терористички напади.

Милитантите на Ал Каеда во Пакистан планирале симултани напади во Лондон и во поголемите градови во Франција и Германија. Планирањето на нападите било во одмината фаза, но било забавено по серијата напади со беспилотни летала во Пакистан во кои биле убиени голем дел од првите луѓе на Ал Каеда во земјата.

Разузнавачките агенции веќе подолго време ги следеле милитантите кои ги планирале нападите. Планираната акција била слична на терористичките напади во индискиот град Мумбаи во 2008-та, во кои загинаа повеќе од 160 луѓе, а над 300 беа повредени. Тогаш, десетмина терористи на Ал Каеда изведоа координирани напади врз објекти во градот кои траеја три дена.

„Се работи за еден од најсериозните планови на Ал Каеда за терористички напади во последните години, кој бил инспириран од раководството на организацијата во Пакистан“, јави БиБиСи.

Frankreich streicht US-Flüge

Франција-нападите се веројатни

Опасноста не е помината

Заговорот во Европа бил откриен во соработка на тајните служби на Британија, Германија, Франција и САД, по што заканата била значително намалена. Извор на информациите бил осомничен германски терорист кој бил уапсен на пат кон Авганистан и сега се наоѓа во притвор во таа земја.

Извештаите за заговорот пристигнаа во истовреме со евакуацијата на Ајфеловата кула во Париз поради закана од терористички напад, по вторпат овој месец. Сепак, претставник на француската безбедносна служба за АФП не можеше да ги потврди информациите за можниот заговор и рече дека предупредувањата за терористички напади врз Франција не се поврзани со откриениот заговор.

Во Франција, како и во Британија, нивото на закана од терористички напади останува високо, што значи дека терористички напади се многу веројатни.

Минатата недела американскиот секретар за внатрешна безбедност, Џенет Наполитано соопшти дека има информации за зголемена активност на терористички групи кои претставуваат закана за европските држави. Пакистанските безбедносни служби информираа дека биле извршени повеќе од 20 напади со беспилотни летала во племенските делови од земјата. Во вчерашните напади, според истите извори, бил убиен оперативниот шеф на Ал Каеда за Пакистан и Авганистан.

Автор: БГ/ЖА/афп

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM