1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Спојување на тајните служби за поголема моќ?

Македонската влада во процедура треба да пушти нов закон за безбедносни служби со кој наместо три, во иднина ќе функционираат две тајни служби: Управата за безбедност и контраразузнавање и Воената служба за безбедност.

default

Под капата на МВР треба да биде Агенцијата за разузнавање

Агенцијата за разузнавање по 13 години постоење ќе го загуби својот субјективитет и ќе треба да премине под капата на МВР. Експертите сметаат дека е ова лош и непромислен потег на власта, со кој таа сака уште поголема моќ.

Владата пресече - ќе ја згаснува Агенцијата за разузнавање како посебен безбедносен орган и таа во иднина ќе треба да премине под владина капа, а претседателот на државата ги губи уставните надлежности врз овој орган.

Ова е втор ваков сериозен обид за укинување на Агенцијата за разузнавање, по оној во 2000-та, во времето на владата на Љупчо Георгиевски, кога само заради отпорот на експертската јавност не мина идејата за физичкото спојување на тогашната Дирекција за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска деновиве изјави дека законот, во изминатите два месеца беше изготвуван од работна група на МВР, а е правен според компаративните согледувања од работата на ваквите служби во повеќето западни земји.

„Овој концепт е многу поефикасен, многу поедноставен за спроведување во смисла на рационално користење на ресурсите и што е најважно - овој концепт е модерен, концепт што одговара на современите безбедносни служби“, изјави Јанкулоска.

Концентрација на власта

Mazedonien Ausweis

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска тврди дека новиот концепт е многу поефикасен

Владата тврди дека унификацијата на службите е европски тренд, додека експертската јавност смета дека состојбата во ова асфера е сосема поинаква.

Експертите предупредуваат дека со концентрирањето на службите за разузнавање во едно министерство комплетно се обезличува позицијата претседател на државата, а во исто време целокупната власт се концентрира во рацете на премиерот и неговите најблиски луѓе.

Професорот Љубомир Фрчковски, кој и првиот пат остро се спротивстави на оваа идеја, смета дека на ваков начин се нарушува либерално демократскиот карактер на уставот, за поделба на ингеренциите меѓу извршната власт: влада -претседател, што е својствено за повеќе од две третини од земји членки на НАТО и ЕУ. Тој за Дојче веле изјави дека не држат вода објаснувањата на власта дека на овој начин се поедноставува и поевтинува работата на тајните служби, бидејќи во ништо нема да се поправи основниот проблем, а тоа е координацијата.

„За ваква реформа е потребен конзензус“

Стево Пендаровски, кој кај двајца претседатели беше советник за национална безбедност, смета дека кога се прави вака крупна реформа власта мора претходно да обезбеди широк политички консензус.

„Очекувам дека ќе се развие здрава демократска дебата во која ќе се земат предвид не само предлозите на опозијата, туку пред се‘ на експертската јавност и на искуствата на другите држави во регионот и пошироко. Тие искуства

Prof. Dr. Ljubomir Frckoski

Професорот Љубомир Фрчковски смета дека се нарушува либерално демократскиот карактер на уставот, за поделба на ингеренциите меѓу извршната власт

кажуваат дека најголемиот дел од земјите на ЕУ и НАТО имаат дисперзиран разузнавачки систем или поточно - децентрализиран систем, што не е под капата на еден ист авторитет“, вели Пендаровски.

Според него, индикативно е молчењето на претседателот Иванов кој десетина дена по отворањето на ова прашење нема дадено никаква изјава, ниту на поддршка, ниту на критика на идејата за нов закон, со кој тој ги губи ингеренциите врз Агенцијата за разузнавање.

И поранешниот директор на Агенцијата Виктор Димовски се прашува која е целта да се прави оваа концентрација на службите кога постојат функционални механизми.

„Едно вакво концентрирање на моќта на едно место, во еден центар, крие во себе многу опасности од аспект на загрозување на човековите права во земјата, вели Димовски.

Во изминатите години на неколкупати се најавуваше формирање комитет за координација на трите тајни служби, на чело со таканаречен „разузнавачки цар“, но идејата не се преточи во закон.

Автор: Сашко Димевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска