1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Спор околу стадионите

Во спорот околу безбедноста на германските стадиони за светското фудбалско првеснтво, организаторите на првенството побараа од фондацијата Варентетст да ја повлече спорната студија. Според неа, на повеќе стадиони има безбедносни недостатоци.

default

Организаторите исто така, ќе побараат контрола на стдионите да направи независна комисија:

Потпретседателот на организациониот комитет Хорст Шмит вчера во Франкфурт изјави:

„Очекуваме едноставно Варентетст уште еднаш да се позанимава со аргументите што се однесуваат посебно на стадионите во Берлин, Лајпциг, Гелзенкирхен и Кајзерслаутерн, објективно да ги вреднува и потоа да го ревидира ставот„.

Тој ја критикуваше постапката на експертите што своите резултати пред да се појават во јавноста не ги презентирале пред организациониот комитет. Фондацијата Варентетст го одби барањето на комиетот. Холгер Бракеман од ова фондација за АРД синоќа изјави:

„Ние стоиме зад нашите резултати. Посакуваме да се води стручна и смирена дебата околу нашите резултати и во одборот за спорт на Бундестагот. Се разбира не ги повлекуваме нашите оценки„.

Инаку, Организациониот комитет доби првпат поддршка и од ФИФА која досега се воздржуваше од јавен став.