1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Спор околу оставрувањето на климатските цели на ЕУ

Министрите за заштита на животнат средина на ЕУ во Луксембург расправаат за спорниот пакет за заштита на климата на ЕУ. Државите треба законски да се обврзат за намалување на емисијата на штетни гасови до 2020 година.

default

Заштита на климата

Времето притиска. До декември шефовите на држави или на влади на земјите членки на ЕУ планираат да го усвојат пакетот мерки за заштита на климата. Но финансиската криза и тука се испречува во преден план.

Финансиската криза ги спречува плановите за заштита на климата

Министерот за заштита на животната средина на Италија Стефаниа Престиџакомо ги означи плановите за заштита на климата како неиздржливи за италијанската иднустрија, која мора дополнително да плати 25 милијарди евра.

Нејзиниот германски колега Зигмар Габриел, пак изјави дека финансиската криза се злоупотребува како изговор. Според него многу нешта зависат од спроведувањето на климатскиот-пакет: „Верувам дека мора да се каже, дека климатскиот и енергетски пакет на ЕУ со сигурност е најголемиот политички потфат на Унијата. Тука зборуваме практично за преструктуирање на енергетската база на нашето индустриско општество. И второ, ние сме пример за прашањето дали ќе успее или не обидот, економскиот раст и економската благосостојба успешно да се поврзат со заштитата на животната средина и на климата.“

Министрите бараат поповолни услови

Но и Габриел како и другите министри побара поповолни услови и иземање на поединечни економски сектори од климатските планови на ЕУ. Тој притоа мислеше на германската автомобилска индустрија со нејзините многубројни модели со мнгоу коњски сили, како и за браншите кои користат значително количество енергија, како челичната, хемиската и индустријата за цемент.

Меѓутоа прашање е сега, како Европската унија ќе ги покрие таквите недостатоци. Дека тоа треба да се направи во основа не е спорно, меѓутоа многумина стравуваат дека поради големиот број исклучоци на крајот ќе биде заборавена севкупната цел.

EU Umwelt Stavros Dimas EU-Kommissar für Umweltpolitik

Еврокомесарот Димас

Еврокомесарот за заштита на животната средина Ставрос Димас истотака се спротистави на приговорите на Италија и на другите земји, дека мерките за заштита на климата се премногу скапи. Токму во финансиската криза тој гледа вистинска причина, токму сега да се вложат засилени напори за заштита на животната средина: „Бидејќи ние ги поттикнуваме инвестициите и иновациите за чисти технологии, создаваме работни места во индустријата на обновливи енергии, ја намалуваме нашата зависност од извозот на нафта и во секој случај го прилагодуваме нашето стопанство на иднина со намалени емисии на јаглерод диоксид, која во секој случај е неизбежна.“