1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Спор околу иранската атомска програма

Советот на губернери на Меѓународната организација за атомска енергија денеска во Виена ќе оддржи вонредна седница на која повторно ќе се разговара за спорот со Иран околку атомската енергија.

Инспектор на Меѓународните атомски власти при проверка на постројките во Исфахан

Инспектор на Меѓународните атомски власти при проверка на постројките во Исфахан

Кога станува збор за иранската атомска програма, дискусиите во Mеѓународната организација за атомска енергија може да бидат тешки. Дипломатите уште на крајот на минатата недела изработија нацрт заедничко соопштение. Меѓународните атомски власи го притискаа Техеран во никој случај преку еднострани чекори да не ги доведе во опасност преговорите со Европејците. Овој нацрт со многу дипломатски формули би можел да завршив во архива, имено надминат е.

Новото иранско водство во меѓуввреме собра факти и на тој начин ги предизвика меѓунардоните атомски власти. Инспекторите на меѓународните атомски власти тукушто можеа да инсталираат камери за набљудување во Исфахан, но иранските техничари ја старуваа постројката. Генералнниот директор на Виенските атомски власти Мохамед ел Барадеј истакна дека на неговите соработници не им останало доволно време да ги тестираат нивните камери. Оваа постапка се чини дека му одговара на Вашингтон. Имено САД веќе подолго време се залагаат за потврд курс кон Техеран. Потешка е позицијата на Европејците, бидејќи тие уште од самиот почеток се залагаа за преговори. Германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер истакна дека ситуацијата е сериозна и предупреди од фатални последици:

„Тоа е нашиот соседен регион. Прашањето за нуклеарно наоружување во овој регион непосредно се однесува на нашата безбедност.“

Франсцускиот министер за надворешни работи Филип Дуст Блази ја критикуваше постапката на Техеран. Тоа е јасно повреда на договорите со Европејците рече Дуст Блази.

И генералниот секретар на ОН Кофи Анан го повика Иран на воздржаност во конфликтот околу атомската програма. Техеран мора да ги продолжи преговорите со Европејците побара Анан во телефонскиот разговор со иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад.

Во иранските постројки во Исфахан преку центрифугите се истиснува ураниум и се претвора во гас. Тоа е последниот чекор пред збогатувањето на радиоактивна руда, а од крајниот производ може да се произведуваат атомски бомби. Од друга страна Техеран од збогатениот ураниум може да добива енергија. Пролетва ираснкиот преговарач Сириус Насери во Виена појасни:

„Нуклеарното оружје во Иран никогаш не било на дневен ред и тоа нема да се промени. Подготвени сме да дадеме секаков тип гаранции за тоа, за нашите европски соговорница да бидат сигурни како и целиот свет.“

Иранчаните кои се наоѓаат во егзил се сомневаат во ваквите преставувања. Наводно и иранскиот парламент утврдил дека атомската енергија не е економска во споредба со проиводството на енергија од нафта.

САД пред сите се сомневаат во добрите намери на Мулите, тие имаат намера случајот да го доведат и пред Советот за безбенсот. Сепак некои држави кои се застапаени во гувернерскиот совет покажуваат разбиреање за аргументите на Иран. Може да се очекува отпор од нивна страна и да притискаат на компромиси во решението на атомските власти. Сепак Меѓународните атомски власти може да го повикаат Техеран да престане работата на постројките во Исфахан колку што е можно побрзо.