1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Спор околу изградбата на истокот на Германија

Експертското тело на поранешниот хамбуршки градоначалник Клаус фон Донани предложи корекција на курсот на поддршката на новите покраини

default

Предлозите на експертскиот состанок за обновата на истокот на земјата од повеќемина социјалдемократски политичари,но и од стопанството наидоа на одбивање.Германскиот сојузен министер за стопанство Волфганг Клемент оцени дека предлозите се малку од помош.Експертското тело на поранешниот хамбуршки градоначалник Клаус фон Донани предложи корекција на курсот на поддршката на новите покраини.Средствата во иднина би требало да бидат инвестирани директно во претпријатијата и во истражувањето наместо како досега во инфраструктурата.

Курсот при обновата на истокот мора да биде коригиран,тоа е она минималното околу кое се согласуваат и германската сојузна влада и експертската група.Но како да изгледа таа корекција,во тоа барем двајца од 16 –те експерти од економијата и од науката имаат различни мислења.Дрезденскиот финансиски научен работник Хелмут Зајтц и членот на претседателството на ДГБ Хајнц Пуцхамер го критикуваа завршниот извештај непосредно пред неговото објавување.Тие особено ги напаѓаат предлозите за редуцирање на помошта во инфраструктурата на истокот и обезбедувањето повеќе пари за претпријатијата.Токму ова инаку е централната препорака кон сојузната влада,како што вели претставникот на тимот на советниците Клаус фон Донани:

-Сојузната влада секогаш поаѓа од тоа да и даде приоритет на поддршката на инфраструктурата.Наше убедување е дека постојат дупки во инфраструктурата,но во целост таа во источна Германија денеска е во просек оспособена.Прашање е како средствата да се искористат во директна поддршка на претпријатијата,на пример преку истражувања и помош.

Ова и поради тоа што во јавните каси има се помалку пари на располагање,па тие според мислењето на експертскиот тим треба да бидат концентрирани на т.н. развојни јадра во источна Германија,иако не постои јасна дефиниција што се подразбира под тоа.Така на пример покраината Мекленбург предна Померанија неделава заклучи дека за неа развојно јадро е здравствениот туризам.Претставникот на експертскаат група Донани бара во секој случј и владата да има влијание врз одредувањето на развојните јадра.Во спротивно,повторно меѓу источните покраини ќе дојде до натегања и кавги.Советодавната група исто така сака на новите покраини да им се овозможи поголема законска слобода.

Експертите од истокот укажуваат дека стагнирачката изградба на истокот го загрозува идниот развој на цела Германија.Поранешниот државен банкар на Германската демократска република и денешен менаџер на Германската банка Едгар Мост смета:

-Состојбата во целост за истокот е драматична.Ако не ги поставиме-овие теми и не најдеме соодветни решенија,цела Германија во следните генерации ќе има големи проблеми.Сега е вистински момент да се зафатиме со овој проблем.

И натаму истокот заостанува стопански зад западот на земјата.Минатата година околу 90 милијарди евра биле трансферирани од западот кон истокот.Тоа е голема развојна баласт за западна Германија,смета Донани.