1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Спор околу една убава традиција во Холандија

Децата во Холандија му се радуваат на декември зашто двапати се дарувани еднаш од Николаус денеска (05.12) другпат од Дедо Мраз (Санта Клаус) на Божиќ (25.12). Меѓутоа Николаус во меѓувреме е предмет на контроверзи.

Николаус и Санта Клаус односно Дедо Мраз се персонификација на Свети Никола. Николаус, во Холандија е познат како Синтерклас. Неговото доаѓање за Амстердам е како карневалот за Рио. Голема забава за стотици илјади.

Секој година, човекот со бела брада доаѓа со брод од Шпанија во Холандија. Така вели легендата. Со себе ги носи и своите помошници, двајцата Црни Петри. Црниот Петар е миленик на децата. Тоа е кловн кој дели бонбончиња. Токму помошниците, а не самиот Синтерклас, се проблематични, смета група експерти од Обединетите нации. Црните Петри се расистички остатоци од времињата на робовите. Тие не се вклопуваат во една политички коректна клима и треба да се отстранат, велат. Меѓутоа многу граѓани на Амстердам имаат поинакво мислење: „Мислиме дека се тоа чисти глупости . Тоа е традиција. Дури и црните луѓе од островите на тоа“ , вели еден од нив. Неговата црномуреста сограѓанка сополнува: „На децата не им е грижа дали се тие црни, обоени или бели. Тие не ја забележуваат разликата. За нив тоа е само забава на која добиваат подароци“.

Остаток од колонијализмот

Тој став не го споделуваат сите Холанѓани. Пред доаѓањето на Синтерклас беше одржан протест против Црниот Петар. За демонстрантите тој лик претставува дискриминација на црните граѓани. Уметникот Квинси Гарио поднесе тужба пред Европскиот суд за човекови права. Во оваа уличка се наоѓа мултикултурното радио мАрт (читај „ем-арт!), на кое Гарио еднаш неделно има свое ток-шоу. Овојпат тема е модата, но Гарио говори и за парадата на Синтерклас.

„Ликот на Црн Петар е поврзан со нашата колонијална историја. Поради времето во кое се појави, помеѓу 1828 и 1851 година, како и поради начинот на претставување е олицетворение на расизам. Црното тело се претставува како стока, како предмет кој е лишен од хуманото и служи за забава“, вели Гарио.

Поради овој проблем на научниците на Мертенс-Институтот за холандска историја им чади главата. Уште еднаш, значи, како беше тоа со Синтерклас и неговиот Црн Петар? На старите слики Црн Петар е претставен како слуга, а имал и задача да ги казнува непослушните деца. Тоа е секако расистички, но е одамна минато!

„Ликот на Црниот Петар се промени, од некој кој требаше да ги плаши децата или да ги стави во вреќа и да ги однесе во Шпанија, стана позитивен лик, бидејќи луѓето уште пред повеќе децении почуствуваа дека е неприфатливо лице со црна боја на кожата да се користи за плашење“, вели Петер Јан Маргри, историчар од универзитетот Амстердам.

Мал успех на противниците?

Масовноста на годинашните протести, сепак ги натера организаторите на некои натамошни отстапки. Така, Црн Петар веќе не носи златни обетки. Стравувањата беа дека токму тој детаљ прави Црн Петар да изгледа како роб.

Мари-Хосе Ваутерс смета дека е добро што се отстранети обетките, но вмешувањето на ОН го оценува како претерано. Лекарката е голем обожувач на Синтерклас, за него има напишано и лексикон. Таа ги разбира стравувањата на многу Холанѓани да не ја загубат нивната омилена традиција.

„Луѓето се многу поврзани со оваа традиција. И не им се допаѓа кога други им велат дека мора да престанат. Особено не ако се странци. Замислете некој да им каже на Шпанците да престанат борбите со бикови. Шпанците не сакаат некој однадвор да им каже: ’ Треба да престанете со тоа“, вели писателката Воутерс.

Сепак, Црн Петар веќе поретко се среќава на улиците на Амстердам. Онаму, каде што лани уште висеше во божикната декорација, сега го нема - мал успех на неговите противници.