1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Спор меѓу владата и опозицијата околу постигнувањата во првите 100 дена

Македонската влада ги истакнува пред се’ економските постигања од првите 100 дена на нејзиното владеење. Опозицијата и дел од експертите го критикуваат кабинетот на Груевски за лошите оценки од Европската комисија.

default

Вака отпоздравуваше задоволниот победник на предвремените избори: што оствари од изборните ветувања во првите 100 дена по доаѓањето на власт?

Владата на Груевски не го доби вообичаениот бонус да не се критикува во првите 100 дена од доаѓањето на власт. Таа сепак неуморно и денеска ги претстави резултатите постигнати од создавањето на новата коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Економскиот тим на владата на чело со вице-премиерот Зоран Ставревски на прес-конференција го продолжи вчерашното билансирање на премиерот. За овие 100 дена владата обезбедила стапка на економски раст од најмалку 5%. Зголемена е и просечната плата во третиот квартал од годината во однос на претходниот за околу 10%. Стапката на невработеност е намалена на 34 проценти, а во земјата се слеаја странски инвестиции во висина од 300 милиони евра. Покрај тоа донесени се 150 закони, меѓу кои и оној за употреба на јазиците, како и Изборниот законик со кој би требало да се одбегнат фалсификатите и насилствата во изборниот процес.

Опозицијата изнесе остри критики на сметка на владата

Radmila Sekerinska von der SDSM Partei in Mazedonien

„Европската комисија нема доверба во Македонија“: оцени претседателката на Националниот совет за евроинтеграции, Радмила Шеќеринска

Владината презентација опозицијата ја дочека со остар напад за неверодостојност на резултатите, како и критики поради лошиот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија. Таа исто така и’ префрла на владата на Груевски за застојот во евро-атлантските интеграции. „Кога Европската комисија ќе соопшти дека некоја земја не ги задоволува критериумите, тогаш тоа е тешка формулација. Тоа сведочи за фактот дека Европската комисија нема доверба во Македонија“ - реагираше Радмила Шеќеринска од опозициониот СДСМ, во улога на шеф на Националниот совет за евроинтеграции. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, оцени исто така дека владата на Груевски ја води земјата во погрешна насока.

И дел од експертите имаат забелешки

Дел од македонската експертска јавност има и поделени мислења кога е во прашање македонско-грчкиот спор околу името. Универзитетскиот професор и остар критичар на актуелната влада Љубомир Фрчковски изјави: „Втората варијанта е да скапеме. Можеби нема да ни ги менуваат или да ни ги доведат во прашање границите, но може затоа внатре да иструнеме.„

Treffen des Mazedonischen Ministerpräsidenten, Nikola Gruevski mit dem Herrn Mathew Nimitz

Застојот во преговорите околу името може да донесе тешки последици за развојот на земјата: преговарачот Нимиц во кабинетот на премиерот Груевски

Професорот Васко Наумовски коментира со доза на амортизација: „Владата треба да продолжи со создавање нови пријателства меѓу државите членки на ЕУ и на НАТО, како и на зацврстување на веќе посточеките. Доколку Македонија стекне доволен број пријатели, истите тие држави членки би можеле да извршат дополнителен притисок врз Република Грција да попушти во спорот со името.“

Професорот Имер Исмалили, пак, смета дека на новата владина коалиција и’ треба уште малку време за да се види што ќе донесе таа. Исмаили нагласува дека во однос на граѓанинот и неговите интереси функционирањето на актуелната влада е „енигматично“.

Поврзана содржина