1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Спор за знамето меѓу Унгарија и Романија

Соседите Унгарија и Романија повторно се во кавга. Причина - дали Унгарците во Романија можат да го истакнуваат своето знаме на официјални поводи или не? Романски суд даде дозвола, романски гувернер нареди отстранување.

default

„Се‘ додека сме живи, припаѓаме на унгарскиот народ, никому нема да му успее да ја скрши нашата душа“, вака самоуверено звучи химната на Секел -Унгарците припадници на унгарското малцинство во Романија. Секелите имаат свој весник, свои училишта и свое знаме. Него всушност смеат насекаде да го истакнуваат. Но, неодамна романски гувернер демонстративно нареди негово отстранување. Освен тоа, беше забрането истакнување на знамето на Секељите на општинските згради и училиштата. Образложението гласеше-тоа се коси со романскиот устав. Зашто, на Секелите не им се признати комунални или автономи структури. Ова за унгарскиот министер за надворешни работи Жолт Немет е рамно на скандал:

„Во Европа владее правило - ако нешто не е забрането со закон, тогаш е дозволено. Во Романија не постои закон со кој се забранува употреба на знамето на Секелите. Дали му се допаѓа на романскиот премиер Понта или не, но тоа е европска правна форма“.

Забраната на истакнување знаме на Секелите во јавни простории е „симболичка агресија“, иритирано тврди унгарскиот државен секретар, стартувајќи солидарна акција со Секелите. Како унгарски дипломат тој во романската престолнина Букурешт нареди поставување знаме на Секелите на општинска зграда. Владата на Орбан освен тоа презеде натамошни дипломатски чекори. За романскиот премиер Виктор Понта ова е дрскост, која тој, сепак, сака да ја игнорира:

„Интерното законодавство и респектот кон малцинствата во Романија се наши сопствени проблеми. Тоа не го засега унгарскиот премиер и неговата влада. Нивното мислење на оваа тема мене не ме интересира“.

Rumänien Ungarn Minderheit Szekler

Унгарското малцинство бара поголема автономија во Романија

По Првата светска војна, кога Унгарија како поразена загуби околу две третини од својата територија и милиони Унгарци мораше да им ги отстапи на соседните држави, во Романија живеат околу 1,4 милиони Унгарци. Половината од нив се Секели. Тие не живеат во пограничната област со својата татковина, туку во планинска област во срцето на Романија. Унгарското малцинство одамна бара поголема автономија, но се стреми и кон мир и добрососедски односи со Романците:

„Јас сум припадничка на Секелите и тврдам дека нема навистина голем проблем, околу знамето се крена премногу врева. Тоа е политички проблем зад кој се крие желбата за поголема автономија“, вели една жена.

Тоа носи конфликти со Романците, според кои, унгарското малцинство припаѓа на Романија. Еден млад Унгарец во Букурешт смета:

„Не можам да си претставам во некоја друга земја, на пример во Германија, едно малцинство да може да истакне свое сопствено знаме на општината. За мене тоа не е коректно. И во Унгарија тоа сигурно не е замисливо, зошто би требало да го прифатиме во Романија?“

Владата на Орбан гласно ја поддржува секоја акција за независност на своите Унгарци во соседната земја. Уште повеќе, откако Орбан го донесе новиот закон за државјанство, десетици илјади негови сонародници во Романија побараа унгарско државјанство. Новите дипломатски кавги меѓу Будимпешта и Букурешт се однапред програмирани.