1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Спортска панорама - 13.06.05

Очите на германската фудбалска јавност се насочени кон претстојниот Куп на федерациите што започнува в среда. Во меѓувреме женската репрезентација на Германија убедливо стигна до полуфиналето на европското првенство што се одржува во Англија. На трката во Канада во Формула 1 победи Финецот Кими Раиконен. На тенискиот турнир на трева во Хале, по третпат победи прво-рангираниот на светската листа Роже Феде

Алонсо згреши, Шумахер среќно до второт место

Алонсо згреши, Шумахер среќно до второт место

рер.

Во шаренилото спортски настани, сепак најнапред за претстојниот фудбалски куп на Конфедерациите што од среда ќе се игра на неколку стадиони во Германија, како генерална проба за Светското првенство во идната година на кое повторно домаќин е Германија. Очекувањата во германската јавност се големи, иако сојузниот тренер Јирген Клинсман постојано повторува дека неговата екипа е во фаза на создавање. Сепак, ниту нему не му е сеедно како ќе се одвиваат натпреварите и до каде ќе стигне релативно младата репрезентација која во подготовките против Северна Ирска и Русија покажа допадлив фудбал, но се уште далеку од посакуваниот квалитет, посебно во одбраната.

Затоа пак, светските првенки во фудбал на европското првенство во Англија во натпреварите по групи не загубија ниту бод. Ја совладаа екипата на Франција со 3 спрема 0 и како големи фаворити влегуваат во полуфиналето против Финска што ќе се игра в среда. Французинките, по головите на Грингс, Лингор и Мајнерт, заминуваат дома. А, што очекуваат од полуфиналето? Стрелецот на првиот гол Грингс:

„Бевеме стрпливи до 70-сеттата минута, зашто бевме сигурни дека ќе постигнеме гол. Така треба да биде и во полуфиналето„.

Сојузниот тренер Тина Тојне-Мајер беше само делумно задоволна:

„Бевме нервозни, не ја најдовме својата игра и покажавме премалку. По 1 спрема 0 нештата дојдоа на своето место„.

Во Торонто, за големата награда на Канада во Формула еден, по многу возбудувања, прв целта ја мина Финецот, Кими Раиконен од Мекларен-Мерцедес. До второто место стигна Михаел Шумахер од Ферари, а од последното 20-сетто, до третото успеа да се избори Рубенс Баричело, исто така од Ферари. Двата „црвени болида„ на својот пласман треба да им заблагодарат на дефектот на возачот на „Рено„ Фисикела, и на грешките на водечкиот во генералниот пласман Алонсо и на возачот на Бар Хонда, Батон. Вториот возач на Мекларен – Мерцедес, Монтоја беше дисквалификуван поради предвременото излегување од боксот во моментот кога на патеката беше безбедносното возило. Во генералниот пласман и натаму води Алонсо со 59 бодови, пред Раиконен кој сега има 37. Во натпреварот на конструктурите, Рено останува на првото место со 76 бодови, но сега само 13 повеќе од Мекларен – Мерцедес.

Вчера во Хале заврши тенискиот турнир на трева во квечерината на натпреварите во Вимблдон. По третпат победи рекетот број еден на светската ранг листа, Швајцарецот Роже Федерер кој во финалето го совлада Русинот Марат Сафин со 2 спрема 1 во сетови. Поранешниот селекетор на германската Дејвис куп селекција Карл-Уве Штеб изјави:

„Тој безмилосно ја играше својата игра, остана концентриран и не си дозволи грешки до крајот, дури и кога беше тесно. Вистина заслужено победи и треба да се повтори: Федерер три години не знае за пораз на трева„.

Во рамките на загревањето за најпознатата велосипедска трка „Тур Д’Франс„ германскиот адут Јан Улрих вчера во етапата на хрнометар беше најдобар и ја презеде жолтата маичка на трката околу Швајцарија.

Боксерот во тешка категорија Мајк Тајсон кој себе си се нарекуваше „најлошото момче на планетата„ најави дека дефинитивно се повлекува по поразот од Ирецот Кевин МекБрајд. Во шестата рунда Тајсон се најде на подот, но не се појави во седмата, туку едноставно и се обрати на публиката и изјави дека е крај:„Тоа е тоа. Јас сум готов„, изјави 38 годишниот Тајсон.