1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Спортска панорама за 28.11.05

Десет илјади и еден носител ќе го префрлат олимпискиот факел од античката Олимпија до Торино каде што од 10 до 26 февруари идната година во Торино ќе се одржат зимските олимписки игри. Во Германската прва сојузна фудаблска лига Баерн од Минхен ја зголеми предноста пред второпласираниот на шест бода.

Започна битката за места за Зимската олимпијада во Торино 2006

Започна битката за места за Зимската олимпијада во Торино 2006

Сонцето изостана, но олимпискиот оган сепак гори. Грчката артистка Теодора Сиарку поради облачноста во грчка Олимпија не го запали со помош на огледало, туку беше запален на традиционалниот начин. Факелот прв го презеде грчкиот атлетичар Костас Филипидис. Најнапред ќе го носат 534 грчки спортисти на патот низ Грција долг 2 илјади и 6 километри, за на 6 декември да му биде предаден на претседателот на организациониот комитет на олимпсиките оигри во Торино, Валентино Кастелани. Факелската штафета ќе трае 64 дена на патот долг 11 илјади километри, минувајќи покрај сите големи италијански монументи и споменици. Вкупно ќе го носат 10 илјади и еден спортист. Се претпоставува дека олимпискиот оган ќе го запали италијанската супер ѕвезда во алпско скијање Алберто Томба.

Сега за фудбалот. На викендот се одигра 14-тото коло од првата германска лига. Баерн од Минхен со победата против жилавиот Мајнц 05 до 2 спрема 1 ја продолжи серијата успеси на новата Алијанц Арена каде што нема загубено ниту бод и сега води пред второ- пласираниот Хамбург со предност од шест бода. Двоен стрелец повторно беше Клаудио Пизаро, кој на прашањето дали е веќе сигурна есенската титула, изајви:

„Скоро сигурна, но мораме и натаму вака да играме и да победуваме„.

Тренерот Феликс Магат:

„Јас бев нервозен до последната минута, зашто кон крајот го загубивме ритамот, па во завршната фаза моравме да страхуваме„.

Хамбруг го совлада во Леверкузен Баер со 1 спрема 0 и го презеде второто место од Вердер од Бремен кој загуби во Гелзенкирхен од Шалке со 2 спрема 1. Фудбалерот на Шалке Фабијан Ернст:

„Беше многу важно да победиме за да ја намалиме разликата со Вердер. Мислам дека тоа беше изедначен натпревар со шанси на обете страни, но имавме и малку среќа„.

Во другите натпревари Борусија Дортмунд на гости го совлада Нирнберг со 2 спрема 1, Волфсбург и Билефелд во здодевен натпревар ги поделија бодовите: 0 – 0. Највисока победа извојува Хановер против грогираниот Кајзерслаутерн од 5 спрема 1. Хановер со новиот тренер Петер Нојрурер бргу бега од опасната зона, Кајзерслаутерн се закотви на дното. Во вчерашните натпревари два нерешени резултата: Берлин – Борусија Менхенгладбах 2 спрема 2 и Франфурт – Штутгарт 1 спрема 1. Дузибург и Келн паузираа. Премногу снег на теренот. Води Баерн со 37 бодови пред Хамбург со 31, Вердер е трет со 29, Шалке четврти со 25.

На белите патеки започнаа жестоки борби, меѓу другото и за исполнување на олимписките норми. Во бијатлонската трка на хорнометар во женска конкуренција во финско Кузамо победи Русинката Олга Зајцева, но зад неа три Германки: Кати Вилхелм втора, Андреа Хенкел трета и Уши Дизел четврта. По Дизел и Апел на олимпијадата во Торино ќе патуваат уште и Вилхелм, Хенкел и Мартина Глагов. Посебно се радуваше Андреа Хенкел:

„Жестоко и мотивирано тренирав. Секако целта „Олимписки игри„ не се појавува секоја година„.

Пред слатки проблеми е германскиот сојузен тренер во санкање Томас Шваб. Кого да избере за олимписките игри? Татјана Хифнер, Силке Краусхар, Анке Вишњевски и Силке Ото во минатиот викенд на Челенч купот во Алтенберг се пласираа од 1-то до 4-тото место.

Словенецот Роберт Крањец во Кузамо во саботата победи во вториот натпревар во ски-скокови пед светскиот првак Јане Ахонен, трет беше Германецот Михаел Урман како прв што се најде на победничкиот пиедестал. Од меѓународниот спорт уште и за првиот машки спуст во Лејк Луиз во Канада: заврши со победа

на Австриецот Фриц Штробл, пред Норвежанецот Кјетил Андре Омот и Марко Бихел од Лихтенштајн.