1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Спортска панорама за 01.11.04

Не престануваат изненадувањата во германското фудбалско првенство. Фаворзирираниот Баерн од Минхен загуби од наводниот аутсјадер Борусија од Менехгладбах, Шалке стигна до втората позиција, Волфсбург го одбрани првото место, а Росток го загуби и шестиот натпревар пред сопствената публика и сега е фенерџија.

Во фокусот на вниманието на фудбалската јавност во Германија во саботата беа два натпревара: Шалке 04 против Штутграт и Борисја Менхенгладбах – Баерн. Во драматично и богато со голови прво полувреме Шалке по само 90 секунди поведе со два спрема 0, за, по половина час, резултатот да гласи 3 спрема 0. Но, тоа не беше се: фудбалерите на Штутгарт се созедоа по првичниот шок и набргу со двата гола обезбедија шанса во второто полувреме да се борат за бод. Тоа сепак не им успеа, што беше нивниот трет последователен пораз. Тренерот на Шалке, Ралф Рангник вака ги виде 90-сетте минути на својата екипа.

“Првото полувреме, мислам дека не е можно подобро да се одигра во нападот, и сега повторно може да започне дебата: но што се случи во одбраната, тоа беше како ден на отворена врата и така натаму. Мислам дека она што го понуди фудбалот во првото пиолувреме е она што сакаат да го видат навивачите. Од друга страна, она што ме прави посебно задоволен е постигањето на мојата екипа во второто полувреме зашто на Штутгарт не му дозволивме ниту една вистинска шанса. Момците ја заслужија победата и сега сме таму каде што радо би се виделе на крајот, имено меѓу првите пет“.

Тренерот на Штутгарт, Матијас Замер се разбира работите ги гледа од поинаков агол:

“Иако е ова трет едноподруго пораз немаме намера да се предадеме. Среќен сум што нема повторно да играме во вторник или среда, туку имаме време до четврток. Знам дека резултатите се опасни, но ќе продолжиме. Погледнете го трендот по првите две минути. На мојата екипа можам да и упатам комплимент за борбеноста. Губиме по третпат и тоа мора да го прифатиме. Претходно имавме една бомбастична серија и сега мораме да стартуваме со една нова таква. Поразите имаат објаснување, но им признавам на моите играчи за високиот морал“.

Баерн по двете победи стигна на само бод од врвот и во неговиот табор очекуваа трета победа, овојпат против индиспонираната Борусија од Менхенгладбах која претходно се прости и од тренерот, па на овој ја водеше привремениот Хорст Кепел, но кој зад себе има огромно репрезентативно и прволигашко искуство. Баерн играше слабо, Борусија ги искорсити шансите и го совлада со два спрема 0. Кепел по натпреаврот изјави:

“Повторно се покажа дека една екипа што игра со страст и готовност да се бори, да трча и да стигне до своите граници може многу да постигне. Верувам дека заслужено победивме, но тоа не смее да остане постигнување за еден ден. Екипата конечно покажа дека имаме капацитет за натпреварите во првата лига".

Тренерот на Баерн Феликс Магат:

"Мора да се констатира дека на крајот тоа беше заслужена победа на Борусија. Во првото полувреме ја контролиравме играта иако и во тој дел Борусија вистински се бореше и по смената на тренерот играта ја водеше со страст. Сепак во првите 45 минути бевме сигурни, а потоа набргу по почетокот на првото полувреме резултатот беше 1 спрема 0, непосредно потоа останавме со десет играчи – Лусио беше исклучен што беше сосема неоправдано. Но, и со 10-мина игравме отворено се од 2 спрема 0 со што играта беше решена“.

Во другите саботни натрпевари Борусија од Дортмунд го совлада Баер од Леверкузен со 1 спрема 0 и се оддалечи од дното, Вердер загуби бод дома од преродениот Хамбруг играјќи 1 спрема 1, Волфсбург го одбрани првото место со победата од 4 спрема 3 против изненадувањето Мајнц, натпревар на кој Бугаринот Петров ги постигна сите 4 голови, Хановер го совлада Бохум со 3 спрема 0, а Фрајбург загуби дома од берлинска Херта со 3 спрема 1. Вчера уште играа Росток против Нирнберг 0 спрема 2 што е шести пораз од шесте натпревари дома за Росток кој ја фати опашката, како и Кајзерслаутерн – Билефелд, 2 спрема 1. Поведе Билефелд и кога се чинише дека ќе ги собере трите бода во финишот прими два гола што на Кајзерслаутерн му овозможи да го напушти дното.

Води Волфсбург со 24, пред Шалке со 21, а потоа следуваат Штутгарт, Баерн и Хановер со по 20 бода.