1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Спортската 2013-та нема да биде здодевна

Затишје пред бура - во 2013. година не се одржуваат Олимписки игри, нема ниту светско или европско првенство, но годината што почнува е богата со спортски настани.

Во светот на спортот ваквите години се нарекуваат „преодни“. Сепак, 2013-та година нема да биде здодевна. За селекторот на германската фудбалска репрезентација Јоахим Лев и неговите пулени ова ќе биде значајна година поради квалификациите за Светското првенство во фудбал кое наредната година се одржува во Бразил. Тур Д‘ Франс оваа година го слави својот стоти роденден, а Себастијан Фетел би можел повторно да се закити со титулата светски првак.

Во фудбалот се вели дека по Европското првенство е всушност пред Светското првенство. Љубителите на фудбалот нема да мора да чекаат долго. Веќе на шести февруари пулените на Јоахим Лев во Париз ќе играат против зајакнатите „Триколори“, кои ќе бидат предводени од дриблерот на Бајерн, Франк Рибери. Многу посериозно ќе биде на 22 март. Квалификациите за Светското првенство германската репрезентација ги продолжува во Казахстан.

Германските репрезентативци само ќе ја гледаат таканаречената генерална проба, Купот на конфедерации, кој во Бразил се одржува од 15 до 30 јуни. Европските бои таму ќе ги бранат Италија, како финалист на Европското првенство и Шпанија како европски и светски првак. Но, Германците имаат добри карти в раце кога станува збор за Лигата на шампиони. По поразот на домашен терен во финалето на Лигата на шампиони, Бајерн Минхен овој пат сака да покаже дека лекцијата е научена. Германскиот првак Борусија Дортмунд, како и Шалке 04, исто така добро се држат во Лигата на шампиони.

UEFA EURO 2012 Halbfinale Deutschland vs Italien Löw

Почеток на новата сезона - Јоахим Лев сака бргу да ја заборави старата (фото: по поразот во полуфиналето на ЕП против Италија)

Светско ракометно првенство

Љубителите на ракометот нема да мора да чекаат долго годинава. Имено, во Шпанија од 11 до 27 јануари се одржува Светското првенство во ракомет. Германците играат во групата „А“, во којашто се наоѓаат и Бразил, Аргентина, Црна Гора, Франција и Тунис. Кошаркарите пак, ќе мора да причекаат - Европското првенство во кошарка во Словенија се одржува од 4 до 22 септември.

Weltmeister Formel Eins Sebastian Vettel Red Bull

Доволно е млад, искусен и способен за да ја освои и четвртата титула - Себастијан Фетел

Фетел ја почнува сезоната на 17 март

Во Формула 1 сметањето на времето почнува без Михаел Шумахер. Болидите ќе бидат на патеките веќе на 5 февруари, кога во Шпанија почнува сезоната на тестирање. Натпреварувањето почнува на 17 март во Австралија. Себастијан Фетел тогаш ја почнува мисијата „четврта титула“.

Тур Д‘ Франс годината го слави 100-от роденден. Велосипедската трка се вози на патека од 3.500 километри низ Франција и граничните држави, трае три недели и привлекува велосипедисти од цел свет.

Сезоната традиционално ја отвораат и затвораат скијачите скокачи, а за вистинско спортско доживување во 2013-та ќе се погрижат и тенисерите, атлетичарите...