1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Спортската 2009 во знакот на скандалите

Помали и поголеми судири и скандали ја одбележаа спортската 2009 година. Имаше од се‘ по нешто- лажирани фудбалски натпревари, допингувани коњи и намерно испровоцирани автомобилски инциденти.

default

Најголемиот скандал во изминатата година ќе биде предмет на дискусии и истраги и во претстојната. Се работи за обложувачкиот скандал кој го потресе не само германскиот туку и меѓународниот фудбал. Според досегашните сознанија на германското државно обвинителство, лажирани биле повеќе од 200 натпревари, од нив најмалку 32 во Германија. Беше тоа вистински шок и за претседателот на Бундеслигата Рајнхард Раубал.

„Мислевме дека со случајот Хојцер темата за лажирање натпревари е затворена. Но, тоа било заблуда. Наскоро ќе разговарам со нашиот нов министер за спорт и ќе му препорачам итно да поднесе законски амандмани со кои обложувачките манипулации ќе станат посебна област во кривичниот законик“.

Дел од главните виновници во аферата беа уапсени. Меѓу нив, повторно беа и актерите во скандалот со фудбалскиот судија Роберт Хојцер, браќата Анте и Милан Шапина од Берлин. Неколку клубови ги суспендираа своите играчи, а еден судија беше превентивно повлечен од листата за судење. Истрагата е во тек.

Кога Бријаторе нарачува судири!?

Колизија со целосно уништено возило во Формула 1 е скапа работа. Но, тоа очигледно не е така кога судирот на еден возач ќе доведе друг до победа на другиот од истиот тим. Таков концепт во пресрет на трката за Големата награда на Сингапур во септември 2008 година, промовираше шефот на тимот на „Рено“ Флавио Бријаторе. На својот возач Нелсон Пике помладиот, тој му наложил во точно определено место и време удар во зид. Службеното возило влезе на патеката и застана на чело на колоната, а кога трката продолжи, вториот возач на „Рено“, Фернандо Алонсо, кој претходно го наполни својот резервоар, можеше да ги претекне останатите и да победи на трката. Една година подоцна скандалот излезе на виделина. Пике се налути затоа што „Рено“ го отпушти, па за скандалот ја информираше ФИА, која презеде драстични мерки против Бријаторе.

Der Automobilverband FIA schließt am 21.9. Flavio Briatore Flash-Galerie Jahresrückblick Sport

Доби доживотна забрана за учество во мотоспортот. фото: Флавио Бријаторе

„Ќе го одбиеме учеството во нашиот шампионат на секој тим во чија работа ќе учествува Бријаторе. На секоја меѓународна тркачка серија во која тој е директно или индиректно вклучен исто така ќе и забраниме настап во нашиот календар. Тој повеќе нема да има пристап до возачките тимови, а возачите на кои ќе им биде менаџер нема да добијат лиценца од Формула 1. Оваа казна ќе важи засекогаш- доживотно!“

Но тимот на „Рено“ доби само условна казна.

Изминатата година за јужноафриканската атлетичарка Кастер Семенија беше се, само не весела. На светското првенство во Берлин, 18-годишната Кастер го освои златниот медал на патеката на 800 метри, но веднаш потоа против неа почна вистинска хајка. Почнаа да кружат гласини дека Кастер е машко, или барем половина машко. Во нејзиното родно село во Јужноафриканската Република одеднаш се појавија телевизиски екипи од целиот свет кои ги снимаа нејзините гневни родители. На крајот, дури и претседателот на Атлетскиот сојуз на Јужноафриканската Република мораше да поднесе оставка бидејќи уште пред сите тие настани наложил врз Кастер да се изведат посебни тестови, за кои таа воопшто не знаела. За неа единствената добра вест беше што по долги натегања, сепак успеја да го задржи златниот медал и паричната премија.

Добриот коњ Виспер

Голем прав се крена и зад добриот коњ Виспер, кој го јаваше петкратната олимпијска шампионка Изабел Верт. Во коњот беше откриена забранета супстанца флуфенацин. Изабел вели дека не сторила ништо погрешно, затоа што се работело за терапија на коњските нерви, иако знаела дека се работи за силен психофармак кој им се припишува само на луѓе. Но, таа тврди дека на коњот го испробала токму овој лек, затоа што на пазарот не постоел друг кој би му помогнал на Виспер. Шестмесечната суспензија од натпреварувања Изабел Верт ја искористи за да го донесе на свет своето прво дете.

Во 2009-та допингот не беше откриван само кај коњите, туку и кај брзите лизгачки, или поточно кај Клаудија Пехштајн. Во февруари беа забележани чудни вредности во нејзината крвна слика, па таа беше суспендирана, иако, само врз основа на индиции.

Claudia Pechstein

Германската лизгачка Клаудија Пехштајн беше осомничена за употреба на нелегални стимуланси

Пехштајн вели дека во нејзината крв никогаш не била откриена забранета супстанца. Бидејќи еден параметар присутен во нејзината крв само укажува на можноста дека бил користен допинг, но тоа не е никаков валиден доказ. Околу случајот имаше повеќемесечни натегања, кои завршија така што на Клаудија Пехштајн и беше дозволено да настапи на Светското првенство во Солт Лејк Сити, каде не успеа да ги помине ниту квалификациите.

Автор: Андреас Цимонс/ Борис Георгиевски

Редактор: Жана Ацеска