1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Спорторама 21.03.05

Шалке 04 само седум дена на чело на сојузната германска лига. По поразот во Мајнц, првоот место повторно го презеде Баерн од Минхен. И втората трка во формула 1 во Малезија ја доби Рено, односно неговиот возач Фернандо Алонзо кој го презеде и водството во поединечна конкуренција. Норвежанецот Бјерн Ајнар Румерен на Планица одлета до нов светски рекорд од 239 метри.

Алонзо го презеде водството

Алонзо го презеде водството

Фаворитот за титулата германски првак, Шалке 04 го проигра водството на табелата во германската сојузна фудбалска лига и со тоа претрпе и тежок удар во борбата за освојување на првото место. Екипата на тренерот Ралф Рангник сосема неочекувано загуби од новјалијата Мајнц 05 кој се бори да остане во елитната лига со 2 спрема 1. По 26 одиграни кола, Шалке, поради полошата гол-разлика со ист број бодови – 53, се наоѓа на второто место зад Баерн од Минхен. По натпреварот Рангник изјави:

„Имавме многу шанси во второто полувреме да постигнеме два или три гола, но и ги пропуштивме. По изедначувањето можевме да го решиме натрпеварот во своја полза. Се разбира потоа примивме гол. Тоа е најлошото што се случи во второто полувреме„.

Како и да е Шалке падна веќе во првиот натпревар откако во минатото коло го совлада дома Баерн и се издвои со три бода предност. Бавараците пак, по традиција излегуваат тешко на крај со Ханза од Росток и ги загуби последните два натпревара со 1 спрема 0. Гостите и овојпат први поведоа, па се чинеше дека историјата ќе се повтори. Меѓутоа, во продолжението домаќините се средија и успеаја да постигнат три гола што ги вратија на првото место. Играчот на Баерн Михаел Балак, кој по третпат стана татко и беше стрелец на третиот гол од пенал:

„За мене оваа недела е во знакот на среќа. Секогаш е убаво кога семејството ќе добие приново, а потоа и победата – сето тоа е совршено„.

Колку што е интересна и незивесна битката за првото место, толку на уште две рамништа можеби до крајот ќе се одвива сличен развој на настаните. Прво, за третото место што води во квалификациите за лигата на шампионите. Ланскиот првак Вердер кој срамно се прости од годинашните напревари, успеа да се соземе и во Нирнберг победи со 2 спрема 1, но вчера победа извојува и Штутгарт против отпишаниот Фрајбург со 1 спрема 0, па сега Вердер го дели бод од посакуваното место. Фрајбург до крајот се чини, ќе биде на проштална турнеја по земјата на пат кон втората лига. По поразот во Минхен и Росток е практично загубен, но затоа живна Бохум кој по којзнае колку време одигра како што треба и му ја наполни мрежата на Волфсбург: 5 спрема 1, но до спасот го делат цели 7 бода. Живна и Борусија од Дортмунд која го совлада претендентот за третото место Хамбург на негов терен со 3 спрема 2. Привременото надминување на финансискиот колапс ги охрабри и фудбалерите, па сега погледот е упатен кон местата што водат во купот на УЕФА. Баер од Леверкузен иако победи со 2 спрема 0 против Кајзерслаутерн, ќе мора да чека кикс на некоја од екипите пред него за да може да се надева на третото место. Во Берлин домаќинот ја совлада Арминија со 3 спрема 0, а Хановер, по пет порази на домашен терен успеа да ја испрати Борусија од Менхенгладбах со празни раце: 2 спрема 1. Значи по 26 кола, води Баерн од Менхен со 53 бода пред Шалке со ист број бодови, но со далеку подобра гол-разлика.

Наредниот викенд прволигашите ќе имаат слободни велигденски денови, патем и затоа што фудбалската репрезентација на Германија во рамките на подготовките за светското првенство во идната година, ќе има тест-натрпевар против Словенија.

Вчера се возеше втората трка во Формула 1, на патеката Сепанг во Малезија. Во традиционалната горештина и голема влага, најбрз и најиздржлив беше Шпанецот Фернандо Алонзо од екипата на Рено. Тоа воедно беше и втора последователна победа на овој тим кој го презеде водството во напреварот на екипите, а Алонзо поведе во поединечна конкурнеција. Рено покажа дека е еден од фаворитите годинава. Втор беше Јарно Трули од Тојота, а трет Ник Хајдфелд од БМВ- Вилијамс. Светскиот првак Михаел Шумахер со неговиот Ферари стигна седми на целта, а неговиот клупски колега Барикело се откажа. Во многу инетерсната трка вниманието го привлече инцидентот меѓу победникот на правата трка во Австралија, Фисикела од Рено и Вебер од БМВ-Влијамс. Обојцата останаа без пласман.

Од меѓународниот спорт уште и веста од ски-летовите на Планица со кои заврши годинашнава сезона. Вкупен побдник е Финецот Јане Ахонен, но слава собра и Норвежанецот Румерен кој прелета 239 метри и постави нов светски рекорд. Ахонен го натфрли прескокунувајќи 240, но не успеа да се задржи на скиите.