1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Спорска панорама за 21.11.05

Две карактеристики на 13-тото коло не германската сојузна фудбалска лига: среќна победа на Баерн против Билефелед и трикратниот стрелец - македонскиот фудбалер Николче и три гола на Новески кој настапува за Мајнц 05: два во сопствената мрежа и еден во противничката.

default

За 4 минути меѓу третата и шестата на натпреварот Мајнц 05 – Франкфурт, Николче Новески со два автогола ги доведе гостите во убедливо водство и, влезе во историјата на сојузната фудбалска лига на Германија како најбрз автоголчија. Нему му успеа хет-трик со тоа што третиот сепак заврши во мрежата на Франкфурт, а вториот го постигна Петр Руман буквално во последната минута, па домаќините сепак освоија бод. Ова тринаесетто коло беше баксузно за уште еден тренер. По неуспехот на сопствен терен: Кајзерслаутерн – Нирнберг еден спрема три, тренерот на домаќините Михаел Хајнке веднаш беше отпуштен. По овој пораз Кајзерслаутерн е последен и во потрага по нов тренер.

Погледот го свртуваме кон врвот и најдобрите. Баерн од Минхен буквало во последните минути со двата гола на Пизаро, среќно успеа да го совлада упорниот Билефелд кој беше и подобар. Тоа значи и задржување на разликата од второ-пласираниот Вердер од пет бода. Бременци му ја наполнија мрежата на Волсфбург: шест спрема еден. Два гола постигна Мирослав Клозе со што го задржа и првото место на листата на стрелците со 14 постигнати голови. Шалке никако да одржи чекор со сопствените амбиции да игра поголема улога во борбата за лидерските места. Во Келн загуби бод, подобро кажано – спаси еден бод изедначувајќи во последната минута: на крајот два спрема два. Затоа пак, Хамбургер покажа дека местото му е во самиот врз. Со новата победа против Дуизбург од 2 спрема 0, Хамбургер е трет на само еден бод од Вердер. Тренерот на Штутгарт, Трапатони никако да го спроведе својот систем на игра, па неговите и покрај двете водства на крајот мораа да се задоволат со бод. Против Хановер и новиот тренер Нојрурер, само два спрема 2. Борусија од Дортмунд со победата од 2 спрема 0 и ги скуси амбициите на Херта од Берлин да се доближи до врвот. Нерешено играа Борисја Менхегладбах и Баер од Леверкузен 1 спрема 1.