1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Спорот со името не е дел од ЕУ-агендата за прием

На дискусијата по петте години по најновото проширување на ЕУ, еврокомесарот Оли Рен изјави: доколку Македонија ги спроведе бараните реформи, на крајот на годината ќе може да предложиме датум за почеток на преговори.

default

Подобро е што во спорот околу името медијатор се ОН. Европската комисија, според Оли Рен не може да биде неутрална

Европската унија не е заморена од проширувањето. Ваква оценка на дебатата, посветена на петте години од најновото проширување на ЕУ, даде Рудолф Јимдрак, амбасадор во Берлин на земјата претседавач со Унијата, Чешката Република. Еврокомесарот Оли Рен пак говореше за погодностите на Унијата за членките, посебно осврнувајќи се на кандидатот Хрватска и нејзиниот билатерален спор со Словенија, за чие решение токму тој посебно се ангажираше. Со оглед што Македонија не беше спомната во ниту еден контекст го прашавме еврокомесарот Рен: дали Унијата има два аршина. Во случајот на Хрватска е мајка, а за Македонија маќеа, имајќи го предвид деценискиот билатерален спор со Грција.

EU-Erweiterungs Kommissar Oli Rehn in Sarajewo, Bosnien

Оли Рен: Македонија направи прогрес

„Јасно е дека земјата во последно време направи прогрес. Посебно во однос на слободните и фер избори, кои, според набљудувачкиот тим на ОБСЕ, ги исполнија меѓународните стандарди. Тоа е добредојдено и очекувано по добивањето кандидатски статус пред неколку години. Доколку земјата ги исполни условите во однос на реформите во судството, јавната администрација и некои други области, ќе може на крајот на годинава да предложиме почеток на пристапните преговори, а во контекст на извештајот за напредок" , одговори дипломатски Рен подвлекувајќи:

„Прашањето околу спорот со името не е дел од ЕУ-агендата за приклучување. Тоа е билатерално прашање кое треба да се реши во билатералните разговори кои се помогнати со посредство на Нимиц и Обединетите нации. Тоа е организација која оваа работа може да ја заврши подобро од Европската Комисија, која во овој контекст не може да биде неутрална и затоа е добредојдено посредувањето на Обединетите нации.

Инаку, Рен ја коментираше и апликацијата на Албанија за статус кандидат за членство во ЕУ:

"Албанија последниве години направи прогрес во однос на реформите и борбата против корупцијата и криминалот. На некој начин земјата страдаше поради лошиот имиџ од минатото. Но, можно е во наредниве пет до десет години Албанија да биде тивкото изненадување на Балканот”.

Автор: Силвера Падори

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM