1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Спорот со името има билатерален карактер

По посетата на Нимиц на Скопје, се најавува нова македоснко - грчка средба во јануари во Њујорк. Оценките остануваат дека спорот со името не е критериум за влез во НАТО.

default

Нимиц на срдба со македонскиот државно - владин врв

Откако пет часови по разговорите со Метју Нимиц, македонскиот преговарачки тим молчеше, го немаше дури ни протоколарното соопштение на кабинетот на претседателот Црвенковски, за средбата со медијаторот Метју Нимиц, се огласи конечно амбасадорот и преговарач Никола Димитров.

Амбасадорот Димитров и неговиот грчки колега Василакис, во јануари ќе се видат повторно во Њујорк, тогаш се очекува нов предлог од медијаторот во деценискиот грчко македонкиот спор околу името.

Спорот со името е билтареален и не е критериум за македонскиот влез во Алијасната, рекоа дипломатите од Брисел и САД, сепак тие се согласни дека добрососедството е важна компомнента за влез во НАТО.