1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Спорот со името влегува во нова фаза

По консултациите со македонската страна, медијаторот во грчко-македонскиот спор со името Нимиц во Њујорк денеска има средба со грчкиот преговарач Василакис. Експертите со различни прогнози за идниот развој на настаните.

default

Метју Нимиц

Метју Нимиц, медијаторот во грчко македонскиот спор со името денеска во Њујорк ќе одржи консултации и со грчкиот преговарач, амбасадорот Адамантиос Василакис. На петочната средба македонскиот преговарач Никола Димитров и Мартин Протуѓер, шефот на кабинетот на премиерот Никола Груевски побарале од Нимиц да ги уважи македонските ставови дека нема да има решение се додека доаѓаат закани од грчка страна. НАТО е важно, но името е поважно беше пораката на Скопје. Експертите во Македонија пак со различни ставови за тоа како понатаму ќе се одвиваат преговорите.