1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Спорот со Грција да се реши со билатерални разговори

Група германски парламентарци, задолжени за Југоисточна Европа, денеска во Берлин разговараа со министерот за надворешни работи Никола Попоски за актуелностите од македонското живеење и спорот со Грција.

default

Петер Вајс, пратеник од ЦДУ-ЦСУ

На крајот од дводневната визита на Берлин, шефот на македонската дипломатија Никола Попоски безмалку час и половина разговараше со претставници на повеќе партии од германскиот Бундестаг, кои во фокусот на својата работа го имаат регионот на Југоисточна Европа. Парламентарците при тоа ги поддржале европските перспективи и интеграцијата на Македонија. Станало збор и за економскиот развој и важноста на регионалната соработка, за Охридскиот договор и секако -  за спорот околу името со Грција, за кој парламентарците сметаат дека се најбитни билатералните разговори меѓу двете држави.
„Севкупно сме сложуваме дека Македонија добро се развива! Сметам дека ЕУ перспективите ќе се зголемуваат, доколку слушаме добри вести од земјата“, изјави Петер Вајс, пратеник од ЦДУ-ЦСУ и член на Групата за ЈИЕ, задолжен за Македонија.

Mazedonischer Außenminister Nikola Poposki in Berlin

Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, на прес-конференција во Берлин


Минати се шест години од усвојувањето на необврзителната резолуцијата во Бундестагот, поднесена од социјалдемократите, со која тогашните пратеници се изјаснија за употреба на уставното име на Македонија. Многу време, во кое во Германија ништо не се смени, туку и натаму се користи кратенката - ФИРОМ. Го прашуваме Вајс: дали Германија објективно не можела ништо да помести на овој план или можеби интересот за  Македонија е помал од оној за Грција?
„Сметам дека германските парламентарци и владата многу јасно кажуваат дека немаме многу разбирање што оваа расправија, во ваква форма, се  води веќе многу години. Но, ние Германците не може да ја решиме. Тоа можат Македонците и Грците. Гледано од меѓународен аспект, верувам дека Македонците и Грците многу ќе добијат доколку и’ стават крај на оваа расправија. Верувам дека ваквото гледање ќе се зголемува во Македонија и дека ќе мора да порасне и во Грција. И затоа, многу го поддржуваме билатералниот дијалог меѓу двете земји“, подвлече пратеникот Петер Вајс од пратеничката група на владеачките ЦДУ и ЦСУ.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Горан Чутаноски

DW.COM