Спорот околу Фолкландските острови пред ОН | Свет | DW | 15.06.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Спорот околу Фолкландските острови пред ОН

Аргентина бара од Велика Британија да разговараат за суверенитот на Фолкландските осрови. За наредната година е најавен референдум за политичкиот статус на островите.

Комисијата на ОН за деколонизација го повтори повикот кон Велика Британија и Аргентина да преговараат за мирно решение во однос на суверенитетот на Фолкландски острови. На седницата на комисијата присуствуваше претседателката на Аргентина Кристина Фернандез Кирхнер, која го повика Лондон на разговори за суверенитетот на островите. „Не бараме ништо повеќе и ништо помалку отколку да седнеме и да разговараме“, изјави Кирхнер.

Претходно Кирхнер се сретна со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, кој според информации од неговата канцеларија ја потврдил неговата понуда за посредување меѓу страните во конфликтот.

Во 1982 година, Аргентина и Велика Британија водеа куса војна, за островите во јужниот Атлантик. Неделава владата на Фолкландските острови најави референдум за политичкиот статус на оспоруваната област. Тој би требало да се оддржи во првата половина на 2013 година, а околу 3.000 жители на островот ќе треба да одлучат дали саакт во иднина да припаѓаат кон Велика Британија или, пак, кон Аргентина.