1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Спорот околу референдумот ја минираше романската влада

Шест министри го напуштија владиниот кабинет на Виктор Понта, а судбината на претседателот Трајан Басеску и натаму е неизвесна. Во Романија продолжува борбата за превласт.

Повеќе од една недела по референдумот за отповикување на романскиот претседател Трајан Басеску, премиерот Виктор Понта изврши реконструкција на кабинетот. Шест министри го напуштаат својот ресор. Понта изјави дека нема што да им префрли на министрите кои ја напуштаат функцијата, но чекорот бил неопходен да се издржат нападите од Басеску.

На референдумот за смената на претседателот Басеску од 29-ти јули, 88 отсто од излезените гласачи гласаа за смената на претседателот, меѓутоа Уставниот суд одлучи, бидејќи одзивот на избирачите бил помал од 50 отсто од вкупниот број гласачи во Романија, исходот од референдумот не е валиден. Уставниот суд сега го бара на увид единствениот избирачки список, врз основа на тоа ќе оцени колкаво е точно гласачкото тело и дали гласањето на референдумот е валидно. Оваа одлука која што требаше да биде донесена минатата седмица, е одложена за 31-ви август.

Борбата за превласт меѓу претседателот и премиерот на Романија со недели ја окупира романската политичка јавност. Поради судирот изостанува носењето одлуки што предизвикува критики од Европската унија, а расте загриженоста и во врска со романскиот договор за помош од Меѓународниот монетарен фонд.