1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

„Спорот околу автокефалноста, стана една од најголемите противречности!“

Спорот меѓу Македонската и Српската православна црква е ситуација поврзана и со внатрешните правила на самата православна црква - смета Ханс Дитер Дирпман, професор по теологија на Хумболт универзитетот во Берлин.

Икона

Икона

Со децении наназад, сведоци сме на црковен спор меѓу Македонија и Србија. Во последниве месеци доживеавме една нова фаза каде спорот и кулминираше. Зошто токму сега?

„Тоа е многу многу долг развој кој е поврзан со позицијата на Македонија во Југоисточна Европа и во однос на соседните народи. Тоа е поврзано со прашањето, што Вардарска Македонија стана држава и со тоа доби одредена самостојност. Токму тука треба да се земе предвид како политички така и етнички, дека секогаш имаше спор околу тоа каде припаѓа оваа област. За времето на комунизмот, Бугарите ни префрлаа нам на Источногерманците зошто не ги поддржуваме во прашањето со Македонија, бидејќи Македонците не се посебен народ, тоа се Бугари. Од српска страна имавме слични изјави, на пример јазично, Србите сметаат дека јазикот е српски дијалект. И се разбира ја имаме проблематиката со Грција. Името Македонија го носи и дел од Грција. Мораме да видиме дека некои конфликти се отсликуваат и во црковните рамки.

Разввој за време на и по Втората светска војна

За време на Втората светска војна, Хитлерова Германија и Италија на Мусолини одново ја поделија Југоисточна Европа. Македонија како Вардарска, така и Егејска,и ја доделија на Бугарија. Областа на Косово ја припоија кон Албанија и сите конфликти на модерното време настанаа со поставувањето на границите за време на Втората Светска војна.

Настанувањето на Македонија како рапублика во рамките на Југославија е поврзано и со напорите за црковната самостојност.

Православните цркви сегогаш во голема мера придонесуваа за државниот развој и државната независност на сопствениот народ. Во рамките на овие држави црквите добија самостојност од нивните досегашни мајки цркви. Овде станува збор за процес што започна во 1943 година во Македонија, до израз дојде во 1958 година со автономијата, а во 1967 е побарана автокефалност на Македонската црква.

Српската патријаршија највисока инстанца на православните христијани во Југославија

Екуменската цариградска патријаршија во 1920 година ја издигна српската патријаршија на највисока инстанца на православните христијани во Југославија. Тогаш беа опфаетени и самостојни српски црковни области и до ден денеска постојат титулите патријарх од Пеќ, од Белград или Карловец, кои беа самостојни области на српската патријаршија. Во истата 1920 година на српската патријаршија и е потчинета и Македонија. Со осамостојувањето на Македонија започна и обидот за осамостојување на македонската православна црква.

Спорот околу автокефалноста

Спорот околу автокефалноста, стана една од најголемите противречности. Имено изборот на патријаршијата става на повидок и одредено признавање. Овде не станува збор само за прашањето Срби – Македонци, туку станува збор за тоа, оти е проблем кога една црква самата ќе прогласи автокефалност, а нема да и биде доделена. Но, во православието ова досега честопати беше случај. Руската православна црква во 1448 година самостојно прогласи афтокефалност, а дури 1589 година речиси 150 години подоцна беше признаена од Цариград и другите православни цркви. Понекогаш тоа е долг процес. Но од друга страна во православната црква има спор и за поединечни прашања, на пример Московската патријаршија во 1970 година ја прогласи американската православна црква за автокефална, но бидејќи таму не се само Руси, екуменската патријаршија до денеска оддбива да ја признае автокефалноста.

Позицијата на Македонија

Друго прашање е позицијата на Македонија меѓу српската црква и Грција. Имено што е Македонија? Од страна на грчката православна црква, која е автокефална црква, не е зависна од екуменската патријаршија, можеби би имало и разбирање во некој поглед, но Македонија за Грците е дел од Грција. Кај Грците постои и стравот, дека македонска православна црква, во денешната држава Македонија, би можела да покрене барања за македонските области во Грција. За првпат пред две години во Грција повторно се оддржа богослужба од страна на претставници на самостојната македонска црква на словенски јазик. Мора да согледаме дека се настанати спротивности преку државните граници. Од страна на Грција и од страна на екуменската цариградска патријаршија во одреден поглед би имало и поддршка за барањето во Македонија за автокефалноста, доколку таму не би се одбрало, оспоруваното име Македонска православна црква, туку охридска Архиепископија. А со тоа би настанало надоврзување на старото именување на овој голем центар кој имаше многу големо значење, но ова не се прифаќа од Македонската православна црква, таа сака да важи како Македонска православна црква.

Но бидејќи таа самата прогласи автокефалност без одобрување на нејзината мајка црква, значи не според канонските правила, таа не важи за канонски основана црква и практично од ниту една православна црква нема да биде признаена.

Ново разгорување на проблемот по 2002 година

Во 2002 година српскиот патријарх Павле побара од македонската црква, свештените лица, заедниците, повторно да се вратат во српската црква и со тоа повторно да се воспостави црковното единство. Ова го одби македонската православна црква, но имаше поединци кои го следеа ова барање. Еден од нив е оспоруваниот владика Јован. Тој потекнува од Битола. Тој практично неговата епархија и ја потчини на српската мајка црква, имаше и некои други кои му се придружија, монаси и некои манастири. Тој од страна на српската патријаршија е именуван со титулата Охридски архиепископ. Но оваа титула ја има и поглаварот на Македонската православна црква. Со тоа настанува спор и тоа е и најголемиот национално и политички условен конфликт што практично предизвикува поделба на црквата во Македонија. Кон ова се надополнува и проблемот од 2004 година, што беа преземени правни мерки против Јован, тој беше уапсен и осуден на 18 месеци затвор, поднесе жалба, но потоа затворската казна му беше продолжена на две и пол години, и на 26 јули годинава започна неговото отслужување на затворската казна. Според неговите приврзаници, нему му е забрането, во ќелијата да ја земе својата библија или икона. Судот го осуди поради ширење на верска омраза.

Особено е тешко во детали да се согледа целиот предмет. Но мора да кажеме дека многу земји во светот се обратија делумно до МПЦ а делумно и до македонскта влада со молба да го прекинат процесот, и Јован да се ослободи од затвор. Целата ситуација доведе до натамошно заострување, што не само Јован туку и други српски свештени лица, не смееја да ја користат Македонија како транзитна земја, од Србија кон Грција. Имаше листа од околу 20 имиња на српски духовни лица на кои не им беше дозволено минувањето. Јован и неговите приврзеници не смеат да носат свештеничка облека и на територијата на Македонија не смеат да вршат богослужби, но има случаи кога Бугарите без никакви проблеми влегуваат во земјата во нивните свештенички облеки.

Единствена можност за решавање на проблемот е со посредство на другите цркви, без посредство не е можно изнаоѓање решение на спорот, да се најде пат за повторно да се нормализира односот меѓу Македонската православна црква и Српската православна црква. “

Ни опишавте како ситуацијата се одвиваше но ја критикувате македонската страна? Како требаше да се постапи според ваше мислење?

„Не сакам да ја критикувам македонската страна, но се обидувам да ги преставам фактите. Сите страни во спорот се засегнати со неговото решавање и сите се обидуваат да пронајдат решение, но досега не е постигнат успех, а за тоа придонесоа двете страни. Се поставува прашањето до која мерка треба да се мешаат државните инстанци во овие проблеми, овде мислам на судската постапка. Слична ситуација имавме пред неколку години во Бугарија при поделбата на црквата. Кога врховниот суд го допушти формирањето на паралелна црква, што беше укинато минатата година со новиот закон за религија, во него се вели дека името на една црква смее да биде доделено само еднаш, а сите оние кои се одделуваат не смеат да го имаат правото да располагаат со сопственоста на црквата од која се одделиле.

Признавањето на автокефалноста на МПЦ најдобриот пат

Се разбира признавањето на самостојноста на Македонската православна црква најверојатно би бил најдобриот пат. Претходно го наведов примерот, во Русија тој процес траеше 150 години, во случајов станува збор за процес кој трае неколку години и сите потешкотии кои се поврзани со процесот но мора да кажеме дека и бугарската црква се избори за својата автокефалност. Православните цркви не се национални цркви, тоа е западен израз, тие не се безусловно врзани за една етничка група на пример руската православна црква во 1988, на милениумот на руската црква во нејзиниот статут се нарече мулти - национална односно народна. Во секој случај може само да се надеваме дека единсвото во вербата од сите страни ќе биде прифатено како поважно наспроти недоразбирањата. “

Дали патот за добивање на автокефалност оди само преку српската мајка црква или има и други можности?

„Според канонското право на православата црква потребно е согласност или одобрување од страна на мајката црква. Дури тогаш оваа црква ќе биде признаена од сите други. Тоа е предуслов. При што се разбира другите цркви ја имаат можноста и вложуваат напори да дојде до решавање на спорот. Тажно е, македонската православна црква да важи за шизматична. Тоа значи истата верба, но во основа црковно - правно таа е нелегална. Во целиот православен свет таа не е признаена. Мора да дојде до канонски прифатливо решение.“

Постои ли надеж дека набргу ќе биде решен македонско – српскиот црковен спор или потребно е да се вложи голем напор за надминување на проблемите?

„Досега се чини ниту една од страните не е блиску до пронаѓање лесно решание за спорот. Ниту јас не можам да кажам кога. Можам само да изразам надеж, нашите цркви овде во Германија досега вложија напор за да се обнови разговорот. Се надевам и убеден сум дека ќе се пронајде добро решение.“