1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Спорот меѓу МПЦ и СПЦ може да биде решен со политички средства

Во Скопје е во тек седница на Синодот на МПЦ, кој расправа за важни теми: случајот Говрлево но и спорот меѓу Македонската Православна Црква и Српската Православна Црква, за кој политикологот Димевски во разговор за Дојче Веле вели дека е чисто политички спор.

default

„Спорот дефакто е чисто политички спор завиткан во цековно руво и само како политички може да биде третиран и да биде решен со политички методи и средства и секако со сесрдно залагање на нашите политичари. Моја прогноза е дека тој спор ќе биде решен во оној момент кога ќе биде решено името на Македонија, кое е спорно со соедна Грција, бидејќи да не заборавиме сепак соседна Грција е позадината на овој спор. Секако во вториот момент, кога српската држава ќе го добие прашалникот како што го добивме и ние за аплицирање во ЕУ, во кој секако ќе стои и затварање на ова важно прашање.“ вели во разговор за Дојче Веле Даниел Димевски, политиколог чија специјалност се односите меѓу Македонската Православна Црква и Српската Православна Црква.

Поранешниот македонски владика Јован кого српската црква го постави за свој егзарх во Македонија, призна дека и српската држава ја финасира неговата Охридска архиепископија, која властите во Скопје не ја признаваат. За Димевски тоа е само потврда повеќе дека ставовите на српската црква имаат поддршка и во политичките кругови во Белград „ Секако дека има поддршка. Јас не би сакал да ја генерализирам состојбата во српската држава бидејќи таму постојат политички партии со дијаметрално различна агенда. Де факто радикалната струја од секогаш имала јако упориште во српската православна црква. Тие дејствуваат многу хомогено, дејствувале и очекувам да дејствуваат и помнатаму. Меѓутоа оној другиот сегмент, кој што мислам дека нам ни е многу побитен, она здраво ткиво, што кај нашиот сосед граби напред, сака да биде член од ЕУ, заеднички да градиме доброседски односи, мислам дека има многу поквалитетен однос по ова прашање. Впрочем треба да се сочека вистинскиот момент, кога тие сили ќе се бидат доминантни, кога ќе се чувствуваат доволно сигурни, да ова прашање биде затворено на задвоволство на двете страни. “

Македонската Православна Црква, со години се бори за свое место во православието. Освен српската, нејзиниот автокефален статус не го признаваат и другите православни цркви „Ние сме пречуствителни по ова прашање и нормално со право. Меѓутоа да не заборавиме: де факто како црква самостојна постоиме, имаме свои верници и богољубив народ кој верува во Бога, верува во напшата православна црква. Единствено што ни недостасува е тоа движење со другите православни цркави, каде нашите свештеници ќе може заедно да служат, послободно да комуницираат и некои други бенифиции. Инаку, она што е суштината: да се верува во Бога, да се оди во црква, да се слуша евангелие, ние сето тоа го имаме. Не треба воопшто да не фаќа нервоза дали некој нас не признава или не не признава. Не треба по секоја цена да инсистираме на тоа. Единствено треба да се движиме во таа насока и да го сочекаме моментот кога тоа ќе го решиме.“