1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Спорен кандидат за шеф на ЦИА

Американскиот претседател Џорџ Буш го предложи за шеф на ЦИА, генералот на военото воздохопловство Мајл Хајден за наследник на досегашниот Портер Гос кој поднесе оставка.

Можниот нов шеф на ЦИА, генерал Мајк Хајден

Можниот нов шеф на ЦИА, генерал Мајк Хајден

Хајден во моментов е заменик на директорот на националната тајна служба Џон Негропонте. Оваа номинација во американскиот конгрес веќе предизвика големи критики:

Буш го предложи генералот за нов шеф на ЦИА иако уште во деновите на викендот стигнаа гласни протести и тоа од редовите на неговата партија:

„Мајк во суштината ја познава областа на тајните служби. Тој користеше информации на тајните служби и ги генерираше. Тој покажа како требна да се усогласи работата на тоа поле со новите потреби во борбата против тероризмот. Тој е вистинскиот за водењето на ЦИА во овие критични фази од нашата историја„.

Критиката на Хајден се запали пред се поради неговата улога како шеф на Националната тајна агенција која е одговорна и за спорната контрола врз телефонските разговори и и-мејлови во САД меѓу осомничени за вмешаност за тероризам. Хајден учествуваше во развојот на оваа програма која ги избегнува надлежните судови и енергично ја бранеше откако се дозна за неа.

Самиот Хајден при вчерашното претставување искажа готовност за соработка при можната компликувана постапка за потврдувањето на функцијата во американскиот сенат:

„Се радувам што за време на постапката на потврдувањето ќе имам средби со пратениците во конгресот, за подобро да ги разберам нивните грижи. Јас сакам со нив да соработувам за да ја унапредиме нашата тајна служба„.