1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Спорен избор на 10-те најдобри фудбалери на сите времиња

Светската фудбалска федерација (ФИФА), во најновиот магазин „Фифа Викли“, реши да направи листа на десетмина најдобри фудбалски играчи на сите времиња.

Листата која ја подготви ФИФА сигурно ќе предизвика многу полемики и коментари, а најинтересно е што на првите три места нема ниту еден од активните фудбалери.

Бура од негодување ќе предизвика и тоа што само Лионел Меси, од актуелните фудбалски ѕвезди, се наоѓа меѓу десетмината најдобри на сите времиња. Според ФИФА најдобриот на сите времиња е Пеле, а зад него се Марадона и Зидан.

Десетмината најдобри според ФИФА:

1. Пеле (Бразил)

2. Диего Марадона (Аргентина)

3. Зинедин Зидан (Франција)

4. Ференц Пушкаш (Унгарија)

5. Мишел Платини (Франција)

6. Роберто Ривелињо (Бразил)

7. Лионел Меси (Аргентина)

8. Лотар Матеус (Германија)

9. Роберто Баџо (Италија)

10. Георге Хаџи (Романија)