1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Според Нимиц засега нов предлог не е потребен

Посредникот на ОН во грчко - македонските преговори за името Метју Нуимиц во интервју за „Катимерини“ изјавува дека не планира да да излезе со нов предлог додека не биде увeрен оти би дал резултат.

default

Метју Нимиц

„ Во изминатите 20 години имаше моменти кога или кај Атина или кај Скопје имаше волја и флексибилност за прифаќање компромис, но никогаш во исто време, истакнува посредникот на ОН во грчко - македонските преговори за името Метју Нимиц во интервју за „Катимерини“, што го пренесува агенцијата МИА.

Нимиц вели дека по толку години неуспешно посредување, сепак, верува оти решение е можно и се надева дека преку дијалог и конструктивност на раководствата на двете земји би можело да се дојде до заеднички прифатлив компромис. Но, засега не планира да излезе со нов предлог, се додека, како што додава, не биде уверен оти тоа би можело да даде некаков резултат.

Nikola Gruevski und Jorgos Papandreou in Brüssel

Премирите на Грција и на Македонија, Јоргос Папандреу и Метју Нимиц

Нимиц ги поздравува билатералните контакти

„ Како што стојат сега работите не е лесно да се стави на маса нов предлог, се додека не се добијат гаранции од двете страни дека има сериозен интерес за таков чекор од моја страна, односно сериозна шанса да биде прифатен како основа за преговори. Во оваа фаза продобро е да не се дава нов предлог, кој би можел да биде одбиен од едната или од другата страна. Досега на маса беа ставени многи идеи кои заслужуваат да бидат разгледани преку дијалогот што се води во ОН или билатерално. Постојано повторувам дека сум подготвен секогаш да помогнам“, истакнува Нимиц.

Тој ги поздравува билатералните контакти на премиерите Никола Груевски и Јоргос Папандреу, што спроед него, ги отвора перспективите и овозможува да се претпостави дека е можно да се надминат несогласувањата.

„Катимерини“ во интервјуто со Метју Нимиц, наведува и дека според грчки и македонски извори, двете земји биле најблиску до договор во 2001 година во времето на премиерите Љубчо Георгиевски и Костас Симитис и тоа за името „Горна Македонија“.

Автор:ЖА/СН/миа

Редактор: Симе Недевски

 

Поврзана содржина