1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Споменикот на ОВПМБ во Прешево отстранет без инциденти

Припадниците на српската полиција утрово (20.01) го отстранија споменикот на поранешните припадници на ОВПМБ од плоштадот пред зградата на општина Прешево.

Српската влада соопшти дека „оценува оти отстранувањето на споменикот на екстремистите е придонес кон заедничкиот живот и државата и во иднина решително ќе го спроведува редот и законот и ќе осигура стабилност на целата своја територија“.

Српскиот премиeр и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека по истекот на сите законски рокови, а по налог на Министерството за правда,

Südserbische Albaner-Guerilla UCPMB eingeschlossen

Припадници на поранешната ОВПМБ (фото: архива)

припадниците на Жандармеријата го отстраниле нелегално поставениот споменик. „Србија покажа доволно трпение, но и испрати јасен сигнал дека законот мора да се почитува и дека никој не е посилен од државата“, рече Дачиќ. Тој дополни дека акцијата е изведена без какви и да e инциденти и без употреба на сила. Околу 200 припадници на српската жандармерија пристигнаа утрово на плоштадот, а потоа со багер е кренат споменикот и ставен во камион.

Споменикот на припадниците на албанската Ослободителна војска на Прешево, Медвеѓе и Бујановац (ОВПМБ) беше поставен во ноември минатата година, а Владата на Србија соопшти дека мора да биде отстранет до 17 јануари, за кога беше закажана четвртата рунда преговори меѓу Белград и Приштина. Споменикот не беше отстранет во предвидениот рок, а одборниците во Собранието на општина Прешево, по истекот на рокот, ретроактивно усвоија предлог за негово поставување и најавија дека ќе ја комплетираат документацијата потребна за легализацијата на споменикот.

Најнов предлог за решавање на спорот дојде од здружението на ветерани на поранешната ОВПМБ тој споменик да биде преместен од центарот на градот во дворот на џамијата или Домот на културата во Прешево. Според косовските медиуми, предлогот дошол од Приштина и Тирана.