1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Споделување наместо купување - тренд во Германија

Во Германија во подем е трендот на позајмување, наместо на купување производи. Следбениците сметаат дека така се заштедуваат пари и се користат производи кои се реално потребни.

Во животот има работи кои се ретко потребни, a многумина се прашуваат зошто ги купуваат кога можат и да се изнајмат. Споделување наместо купување - ова е еден од новите трендови во Германија. Во првата берлинска продавница за изнајмување има се’ што може во ретки прилики да се изнајми, како што се вили, машини за сечење плочки или, пак, тенџере за „чили кон карне“.

„Само за мене немам потреба од толкаво тенџере во орманот, затоа што мислам дека ќе ми одземе премногу простор“, вели Лена Маи која живее сама.

Принципот е едноставен. Кој сака нешто да позајми, самиот мора да донесе најмалку една работа, која потоа ќе биде изнајмена. На тој начин се станува член во продавницата за позајмување.

„Мислам дека ова всушност има економска смисла. Значи едноставно се заштедуваат неверојатно многу пари, а луѓето веќе забележаа дека сето ова да се поседува не прави некое задоволство“, вели Мајке Мајевски од продавницата за изнајмување, „Лејла“.

На интернет берзата за размена, како „Why own it“, веќе одамна се разменува облека или електрични апарати за домаќинство. Основачот Филип Глеклер повеќе не купува - освен прехранбени продукти.

„Секој ја знае оваа одлука при купување - нужно е потребен производ, тој се купува, а потоа откако ќе биде купен всушност е загубена желбата за тој производ“, вели Глеклер.

Mitfahrzentrale Internet

Во Германија се многу популарни вебстраниците на кои се споделуваат трошоците за заедничко патување

При изнајмување луѓето се среќаваат, а тоа е „купување“ со негување на контактите.

„Сега би можел, на пример, тука од Свен да позајмам старо супер нинтендо“, објаснува Глеклер како функционира позајмувањето предмети од неговата вебстраница.

Оваа нова култура на споделување се нарекува „Шеар-економи“. Интернетот е нејзиниот мотор. Во Германија веќе 25 проценти од младите меѓу 14 и 29 години ги користат овие интернет портали. Нивното животно мото е споделување наместо купување.

„Ако двете работи се постигнати - пристапот до информации и довербата во другиот, бидејќи сакам нешто да споделам и разменам со него, тогаш тоа всушност може да стане можност за масовен пазарен тренд“, вели Михаел Кунд од Центарот за одржлива потрошувачка и производство

Назад во првата берлинска продавница за изнајмување. Таму во моментов се во оптек околу 1.400 производи.

„Тука, знам дека ова нема да биде фрлено, бидејќи има повеќе луѓе кои и натаму ќе го користат ова“, вели Лика Омото.

Во секој случај нешто сепак мора и да се купи, бидејќи ако не така, ќе нема веќе што да се позајмува.