1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Спогодба околу вториот извештај за климата на ОН

Во Брисел се постигна спогодба околу вториот извештај за климата на ОН. Науката попушти под притисок на политиката, од извештајот се бришат некои делови.

Глечер

Глечер

Советот за клима на ОН по долгите и тешки преговори во текот на ноќта во Брисел се спогоди за извештај околу последиците од глобалното затоплување, објави претседателката на советот Рајенда Пахури Делегатите од 130 земји учеснички по долгите преговори попуштија и како што се вели од Брисел е постигнат договор но под притисок на САД се избришани цели пазажи во извештајот. Критика за последиците од промената на климата напишани во извштајот, изразија и Саудиска Арабија и Кина.

Во нацрт планот, научниците меѓу другото предвидуваа дека им се заканува исчезнување на 20 до 30 проценти видови доколу продолжи глобалното затоплување на земјата, но сега овие подадоци се ублажени.

Во првиот извештај на ОН објавен на почетокот на февруари, светската организација ги предупреди луѓето од нивната одговороност при загадувањето на животната средина. Во вториот извештајот станува збор најмногу за регионалните последици од промена на климата. Третиот и последен дел од извештајот научниците треба да го презентираат на почетокот на мај.