1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сплетки во обложувалниците и околу Нобел

Обвинителството во Шведска испитува дали името на годинешниот добитник на Нобеловата награда за литература излегло во јавност пред официјалното соопштение. Потенцијалниот срам остро го демантираат во Академијата.

default

Томас Транстромер

Во британската обложувалница „Ледброукс“ до четвртокот главен фаворит за Нобеловата награда за литература беше 81-годишниот Либанец, Адонис, а зад него се наоѓаше шведскиот поет Томас Транстромер. Но, кратко пред објавата на победникот коефициентите за Транстромер драматично паднале. Медиумите први се посомневаа во неправилности, а во меѓувреме шведското обвинителство одлучи да ги провери информациите.

„Изгледа дека информацијата излегла кратко пред објавата на победникот“, изјави обвинителот Алф Јохансон од националниот анти-корупциско биро.

Од Шведската академија, која ја доделува наградата, велат дека информациите сигурно не излегле од кај нив. Освен 18-те членови на Академијата, за информацијата знаеле уште петмина вработени.

„Ние не ги проверуваме таквите сомнежи“, демонстративно вели шефот на жирито Петер Енглунд.

Ова не е првпат да се појават вакви шпекулации поврзани со доделувањето на Нобеловата награда. Во 2008 година, во обложувалниците беа забележани серија облози на францускиот писател Жан Мари Густав Ле Клезио, кој подоцна ја освои наградата.

Автор: БГ/дв/дпа

Редактор: Е. М. Фиданоска