1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Специјална улога на православната црква на Кипар

На Кипар му се заканува државен банкрот. Православната христијанска црква се нуди да помогне со пари, дури и ставање хипотека врз својот имот. Државата и црквата на Кипар се во блиски врски со децении.

Архиепископот Хрисостомос Втори немо гледаше во камерите, додека кипарскиот претседател Никос Анастасиадес нервозно играше со прстите. Двајцата се подготвуваа на заеднички појадок, при кој разговараа околу најновата ситуација во државата. Се работеше за заканувачкиот банкрот и спасувачкиот финансиски план на ЕУ, кој кипарскиот парламент го отфрли. Тема, секако, беше и широкоградата понуда на архиепископот до шефот на државата.

„Црквата и манастирите ќе стават на располагање се‘ за спас на државата“, изјави 71-годишниот архиепископ по средбата во претседателската палата. Црквата е подготвена да го стави својот недвижен имот под хипотека за да и‘ помогне на државата и да издаде обврзници. Се чини зачудувачки што црквата го ризикува својот имот за да и‘ помогне во кризата на презадолжената држава. Експертите меѓутоа не се изненадени од најавата.

Georgios Trantas Universität Erfurt Lehrstuhl für orthodoxes Christentum

Јоргос Трантас

„Не ме зачуди воопшто“, вели Јоргос Трантас од Катедрата за православно христијанство на универзитетот во Ерфурт. Во православието во Источна и Јужна Европа постојат тесни преплетувања меѓу државата и црквата. Во кризни ситуации не е ништо вообичаена поддршка меѓу црковните великодостојници и шефот на државата.

„Дело на ѓаволот“

Односите меѓу државата и црквата на Кипар се особено блиски. Црквата се меша во крупните и ситните прашања на политиката и архиепископот Христосомос редовно зазема став по световни прашања. Понекогаш тој се изразува драстично: пред десет години црквата го одби мировниот план на тогашниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан за повторно обединување на турскиот и грчкиот дел на островот, нарекувајќи го „дело на ѓаволот“.

Политичкото влијание на црквата на Кипар е големо, потврдува и Гинтер Зојферт од фондацијата Наука и политика од Берлин. Православните свештеници својата моќна позиција ја сметаат за соодветна. Причина: нивниот највисок претставник традиционално го бираат директно сите членови на заедницата, листите ги водат локалните свештеници.

„На ваков начин, архиепископот зад себе има мнозинство од народот“.

Околу три четвртини од еден милион жители на средоземноморскиот остров се православни христијани.

Dr. Günter Seufert

Д-р Гинтер Зојферт

Жезло наместо пастирски стап

Високи по ранг црковни лица постојано стигнуваат на политички функции. Архиепископот Макариос, на пример, го извади островот на почетокот на 1960-те години од британска колонијална власт и беше избран за прв претседател на независен Кипар. Во негово време се случија крвавите конфликти со турското население на островот. Тој ја вршеше црковната и државничката функција паралелно до својата смрт во 1977 година.

Дури и за вообичаените блиски односи меѓу православната црква и државата во Источна и Јужна Европа, кипарската црква ужива посебна улога, вели експертот за православието, Трантас. Тоа има врска со нејзината долга историја. Според нејзиното сопствено сфаќање, православната црква на Кипар е основана на островот уште во 45-та година од новата ера од страна на апостолите Павле и Варнава. Конзилот на Ефес на организацијата во 431-та година и‘ обезбедил широка автономија. Малку подоцна, византискиот владател на архиепископот на кипарската црква му признал опсежни права за тогашни услови. Архиепископот наместо пастирски стап смеел да носи жезло, што е останато до денешен ден.

Zypern Erzbischof Makarios III Statue in Lefkosia

Статуа на архиепископот Макариос

Економски интереси на црквата

Се работи за моќ и милионски суми пари. Кипарската црква контролира вистинска економска империја, која со времето нараснала и опстојала и под вековната странска власт. Црквата се спогодувала со поробувачите.

„За време на османското ропство црквата на Кипар, на пример, била задолжена за прибирање на даночните приходи“, вели експертот Јоргос Трантас.

За вкупната вредност на имотот на кипарската црква има скудни информации. Но, експертите проценуваат дека таа е најголем сопственик на недвижен имот на островот. Освен тоа, таа поседува малцински удел во „Хеленик банк“, втор по големина кредитен институт во земјата, како и удел во една пиварница. Пропаст на банките или економска криза ќе и‘ нанесат големи штети на црквата. Токму поради оваа причина експертот Гинтер Зојферт е убеден дека понудата за помош од кипарскиот архиепископ е повеќе отколку политички мотивирани празни зборови.

„Мислам дека зад тоа се крие конкретна желба за дела“, убеден е тој.