1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Специјална седница на ОН за Аушвиц

По повод 60-годишнината од ослобдувањето на концентрациониот логор Аушвиц, денеска во Обедиентите нации за првпат ќе се одржи специјална седница на Генералното собрание на која, покрај другите, ќе учествува и германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер. Досега ваквите собири не се одржуваа главно поради отпорот на арапските земји.

Минаа 60 години од ослободувањето на Аушвиц. Денеска специјална седница на ОН.

Минаа 60 години од ослободувањето на Аушвиц. Денеска специјална седница на ОН.

“Основањето на овие Обединети нации беше директен одговор на Холокаустот“ - вели Кофи Анан и додава: “Нашата повелба беше напишана кога светот дозна за целата стравотија во логорите на смртта“.

Оваа вонредна седница Анан ја свика по иницијатива на Европската унија и победничките сили за што беше добиено неопходното мнозинство. Беше важно за сите да се потсетат на тоа и да дознаат што се случи пред 60 години, смета Анан. Секоја генерација мора да внимава на тоа такво нешто никогаш повеќе да не се случи.

Три дена пред официјалната манифестација во Полска на 27 јануари, во Њујорк на специјалното заседание на Генералното собрание ќе говорат голем број претставници на владите, меѓу нив и германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер, како и неговите колеги од Франција, Шпанија и Израел. Главни говорници ќе бидат носителот на Нобеловата награда и прежевиеан од Холокаустот Ели Визел, како и Кофи Анан.

Колку што е големо мнозинството: од вкупно 190 за одржувањето на оваа седница гласаа 140 земји-членки, толку е големо и прашањето зошто дури сега? Ваква седница не беше одржана ниту по повод десетгодишнината, ниту по повод педесет-годишнината од ослободувањето на Аушвиц од страна на Црвената армија. Пред се, одржувањето такви седници го спречуваа арапските земји. Тоа што во оваа 2005 година не беше така, за израелскиот амбасадор Дан Гилерман е историски настан:

“Чувствуваме дека овој понеделник ОН отвораат нова страница во нивната историја. Нам ни е тоа многу важно и можеби ќе отвори и нова страница и во односите меѓу Израел и ОН“.

Според Гилерман, остар критичар на секоја резолуција на ОН против неговата земја, атмосферата во Обединетите нации е многу променета. Посебно од фактот што дојде согласност за денешната седница и од членови кои постојано гласаат против Израел.

“Можеби сме дојдени до точка во историјата во која и промените во светот и во ОН стануваат поочигледни“.