1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Спектакуларен развој на случајот Писториус

Досегашниот главен полициски иследник во случајот Писториус, Хилтон Бота, е сменет поради тоа што и самиот е под сомневање за убиство од 2009 година.

Против Хилтон Бота (фото горе), досегашен главен полициски иследник во случајот на спортскиот идол обвинет за убиство - Оскар Писториус, се води истрага за седумкратно убиство. Станува збор за случај од 2009 година, кога Бота и други полицајци пукале врз минибус со седуммина патници за да спречат натамошно движење на возилото. Тие, според досегашните наводи, трагале по осомничен за убиство. Бота за овој случај мора да се појави пред суд во мај. Процесот за случајот беше привремено прекинат во 2011 година, но во меѓувреме е повторно отворен, соопшти портпарол на судот.

Се‘ уште не може да се предвиди како обвинувањата против Бота би можеле да влијаат врз постапката против Писториус. Обвинувањата на сметка на водечкиот иследник, како што тврди главното обвинителство во случајот Писториус, нему не му биле познати. Обвинителството бара натамошни информации.

Pistorius vor Gericht

Оскар Писториус е обвинет за убиство

Бота, пак, реагира со изненадување на новиот развој на настаните. „Не разбирам зошто случајот е повторно отворен. Можам само да си претпоставам дека тоа има врска со мојата работа во случајот на Оскар Писториус“, изјави Бота за телевизијата еНЦА. Бота вчера (20.02), на вториот ден од судското сослушување за Писториус, решително се спротивстави на ослободување на спортистот со кауција. Тој оцени дека постои опасност од бегство. Бота укажа на странските сметки во банка и на недвижнини во Италија што ги поседува јужноафриканскиот спортист.

Оскар Писториус е обвинет за убиство на својата девојка Рива Стинкамп во неговата куќа. Тој тврди дека станува збор за трагична грешка, односно дека пукал оти сметал дека во куќата влегол провалник.