1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

СПД ќе води сондирачки разговори со Унијата

Голема коалиција - да или не? Членовите на СПД треба да одговорат на ова прашање. За почеток партиската конвенција даде зелено светло за сондирачки разговори. Не е исклучена можноста да се водат и коалициони преговори.

Германските социјалдемократи имаат намера да допуштат базата на партијата да одлучи, дали да влезат во Голема коалиција со Унијата. Ова го изјави шефот на партијата Зигмар Габриел по советувањата на партиската конвенција, која се одржа синоќа во централата на партијата, куќата Вили Брант во Берлин. Наредните недели ќе започнат внимателни сондирачки разговори со ЦДУ/ ЦСУ. Потоа повторно ќе биде одржана партиска конвенција.

Доколку по првите контакти со Унијата на тој состанок биде дадено зелено светло, тогаш партијата ќе започне коалициони преговори, информираше Габриел. Резултатите од овие преговори ќе им бидат доставени на 470.000 членови на партијата, да се произнесат за нив. Сето ова треба да се одвива во средината на ноември, кога ќе се одржи партиски конгрес на СПД во Лајпциг.

Рискантен маневар

За шефот на партијата Зигмар Габриел ова е рискантен маневар. Доколку базата на партијата му откаже послушност и одбие формирање на црно-црвена коалиција (ЦДУ/ЦСУ и СПД), тоа би било тежок удар за неговиот авторитет. Тој ги охрабри 250-те делегати на Советот на партијата за Голема коалиција. Дискусиите се одвивале мирно, информираше Габриел по четиричасовните советувања.

Wahlraum am Tag der Bundestagswahl 22.09.2013

На изборите на 22. септември СПД не освои гласови колку што се надеваше

На потег е германската канцеларка Ангела Меркел да иницира формирање на влада и да ги покани социјалдемократите на разговори. Но СПД нема да водат преговори, доколку истовремено Унијата води преговори и со Партијата на зелените, подвлече Гарбиел.

Големата коалиција не е омилена

Меѓу членовите меѓутоа преовладува расположение против владин сојуз меѓу ЦДУ/ЦСУ и СПД. 65 проценти од социјалдемократите не сакаат нивната партија да формира влада со ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел. Премногу се свежи сеќавањата на Големата коалиција од 2005-2009. Тогаш СПД загуби поддршка од 34 на 23 проценти од гласачкото тело.

Од овој изборен дебакл партијата не се опорави до денес. На изборите во неделата (22.09.) успеа да поврати само 2,5 проценти, но остана далеку зад сопствените очекувања. Левичарското крило во партијата затоа бара повеќе да не се исклучува опцијата за коалиција со партијата на Левицата. На наредните избори во 2017 година би морало да биде можна коалиција меѓу СПД, Зелените и Партијата на Левицата.

Штајнбрик се повлекува

Symbolbild Peer Steinbrück Rücktritt

Пер Штајнбрик

Кандидатот за канцелар на социјалдемократите Пер Штајнбрик најави дека се повлекува од раководството на партијата и нема амбиции за други функции во партијата или во пратеничката група.

Штајнбрик ја презема одговорноста за изборниот дебакл изминатата недела и за тоа од делегатите беше отпоздравен со овации. Овој чекор следува иако Штајнбрик вечерта на изборите најави дека сака да продолжи и во иднина да игра водечка улога во партија.