1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

СПД официјално го номинира Штајнбрик за кандидат за канцелар

Една година пред наредните парламентарни избори во Германија, најголемата опозициска партија денеска (01.10) и официјално ќе го номинира нејзиниот кандидат за канцелар.

На предлог на претседателот на партијата Зигмар Габриел, социјалдемократите во изборната трка против канцеларката Ангела Меркел од Христијанско-демократската унија ќе ги предводи поранешниот министер за финансии Пер Штајнбрик. Важи за сигурно дека претседателството на СПД едногласно ќе го номинира 65-годишниот Штајнбрик за кандидат за канцелар. Неговата номинација треба да биде потврдена на вонредниот изборен конгрес на социјалдемократите кој треба да се одржи на 9 декември во Хановер.

Претходно партискиот лидер Габриел и шефот на парламентарната група на СПД во Бундестагот, Франк-Валтер Штајнмајер се откажаа од кандидатурата и го ослободија патот за номинација на Штајнбрик.