1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

СПД не ја прифаќа иницијативата на Меркел

*

Социјалдемократската партија на Германија, коалиционен партнер во владата, ја отфрли иницијативата на канцеларката Ангела Меркел за ангажирање на армијата во заштитата на внатрешната безбедност. Таа оцени дека поради зголемувањето на заканата за безбедноста, полицијата не може да ги изврши сите нови задачи што се наметнуваат. Меркел ги поддржа барањата на министерот за внатрешни работи Волфганг Шојбле за законски мерки со кои ќе се набљудуваат персоналните компјутери преку интернет.