1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

СПД не прави коалиција со Меркел без минимална плата и двојно државјанство

СПД го услови составувањето на голема коалција со Унијата (ЦДУ/ЦСУ) со исполнување на своите клучни социјалдемократски барања. Партискиот шеф Зигмар Габриел на конвенцијата во Лајпциг ги постави црвените линии.

Според лидерот на СПД, минималната плата од бруто 8,5 евра по час на национално ниво и прифаќањето на двојно државјанство се условите за создавање на владина коалиција. Габриел рече дека и тие имаат свои барања и дека не се залагаат само „за неколку министерски места“. Ова се оценува како остро предупредување испратено на адреса на Унијата.

„Во коалицискиот договор мора јасно да биде назначено дека на ниво на Германија добиваме минимална плата од 8,5 евра“, рече лидерот на германските социјалдемократи. „Не би му поднесол на СПД коалициски договор во кој го нема двојното државјанство“, додаде тој. Неговиот став е дека „граѓанските права на стотици илјади странски работници го оправдуваат обидот за преговарање“ за темата двојно државјанство.

Меѓу повеќето барања, СПД се залага и за еднакви плати за еднакви работи, како и за повеќе пари за образование и општините. Габриел ги обвини ЦДУ/ЦСУ дека со одбивање да направат одредени отстапки „ја испратија СПД на партиски конгрес без да се има некаков резултат“.

SPD Parteitag 14.11.2013

СПД одржува партиска конвенција во Лајпциг

Германската канцеларка Ангела Меркел побара од Социјалдемократската парија да си ги преиспита своите барања, доколку сака да влезе во нејзината владејачка коалиција. Во четиринеделните преговори таа остави пониско рангирани претставници да преговараат за различни аспекти од коалицијата и беше повлечена од јавноста, но со вчерашниот настап таа покажа дека нејзиното трпение за барањата на СПД е при крај. Но, во однос на едно од главните барања на СПД, а кое се однесува на минималната плата, таа рече: „За ова прашање ќе имаме компромис“.

Очекувањата се дека преговорите за коалицијата ќе продолжат да се одвиваат во Берлин до крајот на месецов. Можноста што ја има Меркел, доколку пропаднат преговорите со СПД, е таа веднаш да започне разговори за коалиција со партијата на Зелените. Во минатите недели некои од членовите на СПД се залагаа за формирање на трипартитна коалиција со Зелените и партијата Левица, но Габриел за неа рече дека е премногу недисциплинирана за да биде дел од влада.