1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

СПД ги потврди министрите во новиот кабинет

Партиското раководство на СПД, Социјалдемократската партија на Германија, ги одобри шесте министри во новиот владин кабинет на канцеларката Ангела Меркел.

Партискиот врв на Социјалдемократската партија (СПД) денеска (15.12) ги одобри шесте министерства кои треба да бидат раководени од социјалдемократите. Раководството на СПД на седницата во Берлин одлуката ја донело едногласно, пренесува агенцијата дпа.

Шефот на СПД Зигмар Габриел ќе биде нов министер за економија и енергија, шефот на пратеничката група во Бундестагот, Франк Валтер Штајнмаер ќе застане на чело на Министерството за надворешнои работи, со кое впрочем раководеше и во легислативниот период 2005-2009. Благајникот на СПД, Барбара Хендрикс го доби ресорот екологија, додека генералниот секретар Андреа Налес ќе раководи со Министерството за труд и социјална политика. Заменикот претседател на СПД Мануела Швезиг го презема Министерството за семејство, а нов министер за правда и заштита на потрошувачите ќе биде социјадемократот Хајко Мас.

Во вторник (17.12) министрите треба да бидат именувани и да положат заклетва.

ЦДУ, покрај канцеларот Ангела Меркел и шефот на кабинетот на канцеларот, ќе има свои луѓе на чело на пет министерства. ЦСУ пак во идната германска влада ќе раководи со три ресори.