1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Спас во последен час?

Провизорната капа го сопре неконтролираното излевање на нафтата во Мексиканскиот залив. Цилиндерот држи и по 48 часа од поставувањето. Стигна ли спасот?

default

Засега нема индикации дека поради цилиндерот кој ја собира нафтата од хаварисаната платформа, доаѓа до несакано излевање на нафта на друго место, рече во текот на ноќта менаџертот на БП Кент Велс. „Тоа е добро“, досега процесот се одвива според планираното, но експертите внимателно ја следат тест-фазата. Имено, концернот БП и американската влада, од четвртокот вечерта кога беше поставен цилиндерот, постојано контролираат дали покривката ќе го издржи притоскот или на друго место ќе избие нафта. Инженерите, во текот на постапката, секои шест часа го мерат притисокот.

Американскиот претседател Барак Обама, за напредокот вчера оцени:

Obama Golf von Mexiko Öl Umweltkatastrophe BP

Барак Обама: Ова е добра вест

„Тоа е добра вест. Или ќе можеме да го стопираме излевањето на нафтата, или ќе бидеме во состојба, да ја собереме речиси целата нафта“, рече претседателот и подвлече дека тестовите на цилиндерот се во тек.

БП исплатил над 200 милиони долари за обештетување

Инаку, според извори на Бритиш петролеум, концернот досега им исплатил 201 милиони долари на преку 32 илјади лица директно погодени од нафтената катастрофа. Најголемата група ја сочинуваат риболовците и собирачите на морски ракчиња. Вкупно биле поднесени 114.000 барања за надоместок, меѓутоа кај повеќе од 61.000 барања условите за надоместок не биле целосно исполнети.

Автор: АТ/ЕМФ/дпа/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM