1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Спасувачите во трка со времето

Три дена по катастрофалниот земјотрес во Кина, спасувачките тимови ја продолжуваат потрагата по преживеани под урнатините. Официјалната бројка загинати е 15 000, а десетици илјади сеуште се водат како исчезнати.

default

Се’ помали надежите за преживеани

Кинеските власти ангажираа дополнителни армиски сили во акцијата за спасување на преживеаните во погодениот регион од катастрофалниот земјотрес. Ангажирани се и поголем број на хеликоптери со кои треба да се дојде до погодените подрачја.

„Претпладнето полетаа првите пет хеликоптери кон Ченгду, главниот град на провинцијата, а попладне ќе заминат уште неколку. Сите се полни со хуманитарна помош во храна и шатори. На враќање тие ќе ги пренесат и првите повредени од овој град„ изјави портпарол на армијата. Во акцијата за помош се ангажирани 100.000 војници на кинеската народна армија. Премиерот Вен Џијабао нагласи:

„ Нашата најважна задача е спасувањето на човечките животи. Мораме да ја искористиме секоја минута. Доколку постои и најмала надеж за спасување на луѓето, мораме да сториме се што е можно“, изјави Вен.

Erdbeben in China, Wen Jiabao spricht zu den Rettungskräften

Премиерот Вен е во погодениот регион

Побарана е меѓународна помош

Кинеските власти во меѓувреме за прв пат побараа директна меѓународна помош. Новите сателитски снимки на меѓународните вселенски станици им помагаат на спасувачките служби полесно да се пробијат до најтешко погодениот регион. Таму треба да пристигнат 1500 доктори и друг медицински персонал. Еден од членовите на тимот вели:

„ Го познаваме регионот многу добро. Таму честопати сме оделе во болнички посети“. Инаку погодениот регион сеуште го тресат последователни потреси. Добрата временска прогноза за наредните денови ќе овозможи да биде испратена уште поголема помош. Државната телевизија постојано емитува снимки од разурнатите места. Само под урнатините на едно училиште во Кинчан загинаа 178 од вкупно 285 ученици.