1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Спасот на светот чека на реализација

Реакциите на завршниот документ на Самитот за животна средина на ОН во Рио се претежно негативни. Само по некои поединечни иницијативи будат надеж.

Барбара Унмисиг е експерт за животна средина од германската фондација Хајнрих Бел и беше присутна и на првиот самит на ОН за одржлив развој, пред 20 години во Рио. Тогаш еуфоријата беше огромна, се сеќава активистката: „Конфликтот Исток - Запад беше зад нaс, државите се разбудија и препознаа колку се итни еколошките проблеми; се чинеше дека може да успее, дека може да се решат проблемите за заштита на климата, за зачувување на озонскиот слој, ако постои политичка волја“.

Така беше тогаш, а денес? Дваесет години подоцна еколошите проблеми станаа поголеми, а самитот во Рио ќе заврши со необврзувачка декларација за заштита на околината и природата, без конкретни цели и прецизно утврдени временски рокови.

„Никој не е среќен со спогодбата“

Klimakonferenz Cancun Mexiko 2010 EU Kommissarin Connie Hedegaard

Кони Хадегорд е незадоволна со самитот

Оттука, дури и за искусните политичари е тешко да најдат соодветни зборови. „Никој не е среќен со спогодбата“, вели комесарката за животна средина на ЕУ Кони Хедегорд. Германскиот министер за екологија Петер Алтмајер, кој ја предводи германската делегација во Рио, вели дека сепак се успеало да се спречи пропаѓање на самитот, признавајќи дека и тоа било можно.

Во конференцискиот центар во Рио се слушаат и лоши гласини. Пред неколку денови големите земји во подем, како домаќинот Бразил или Мексико, на самитот на Г20 во Лос Кабос ветија дека ќе уплатат повеќе милијарди во кризниот фонд на ММФ, за да се излезе в пресрет на должничката криза, како на пример во Европа. Затоа се тврди дека во Рио биле поштедени од воведување построги еколошки стандарди.

Дали е ова точно тешко може да се провери. Меѓутоа, голем број еколошки активисти се единствени: вака не може да се продолжи со глобалната заштита. Во САД не може да се обезбеди мнозинство за учество во мултилатералните договори за заштита на климата или заштита на морињата и тоа со години. Зад ваквата неделотворност се кријат многу важни земји, како Кина или Индија, кои сакаат да се активираат, ако се придвижи Вашингтон. Меѓу нив стои старата Европа - подготвена за климатската заштита, но заслабната од должничката криза.

Еколошки концепти за мега градовите

Megacity Jakarta

Преполни улици во Џакарта

Некои доброволни иницијативи меѓутоа внесуваат надеж. Осум големи развојни банки, како на пример Светска банка или Европската развојна банка, на конференцијата во Рио објавија: наредните десет години сакаат да одвојат 175 милијарди долари за во мега градовите на Југот да ги поттикнат еколошоки сообраќајни системи. Токму таму рапидно се зголемуваат емисиите, вкупно 40 проценти во целиот свет, и тоа веќе 20 години, значи од годината кога во Рио не беше утврдена целта за спас на светот. Спасот на светот се’ уште чека на реализација и покрај очајните предупредувања на науката.

Во однос на актуелната завршна декларација, Барбара Унмисиг критикува дека недостасува политичка волја: „Документот е без каква и да е визија, без каква и да е јасна политичка формулација, каква може да се посака за во иднина. Не беа поставени насоките за иднината, големите еколошки теми воопшто и не се отворени“.