1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Спасот на еврото во трка со времето

Денеска во Брисел се одржува самитот на ЕУ, од кој се очекува суштинско решение за должничката криза. Политичарите меѓутоа најавуваат конечен пробив дури на вториот дел од самитот, в среда (26.10.2011).

default

Канцеларката Ангела Меркел на самитот во Брисел

Се’ уште не е јасно колку проценти од грчкиот долг мора да бидат отпишани. И исто така уште не е договорено колав дел од товарот треба да понесат приватните банки и другите доверители. Канцеларката Ангела Меркел порача дека е неопходна добра подготовка за многу комплицираните одлуки, па затоа конечни резултати, според неа, може да се очекуваат дури в среда.

Синоќа уште не беше јасно ни дали Германија и Франција нашле заеднички курс околу проширувањето на европскиот фонд за спас ЕФСФ. Франција, имено, бара во мултиплицирањето на средствата на фодот да биде вкучена и Европската централна банка. Германија и ЕЦБ тоа го отфрлаат. Во секој случај Фондот би требало со зголемувањето до 2.000 милијарди евра да биде во состојба да ги амортизира долговите и проблемите со државните обврзници и на Италија и Шпанија.

EU-Gipfel Brüssel Merkel Sarkozyl

Ќе најдат ли заедничка позиција: канцеларката Меркел и францускиот претседател Никола Сакрози

Нон-стоп преговори

Околу сите овие отворени прашања синоќа до доцна во ноќта разговараа францускиот претседател Никола Саркози и канцеларката Ангела Меркел, а дискусијата продолжува. Медиумите се потолно исклучени од разговорите, така што нема никакви доверливи информации за напредокот. Единствено што се знае, тоа е дека во разговорите се вклучени и претседателот на Еврогупата Жан-Клод Јункер и шефот на ЕЦБ, Жан-Клод Трише.

И министрите под напон

Министрите за финансии вчера наводно се договориле за зголемување на стапката сопствен капитал на банките од сегашните 4% на 9%. Со тоа банките би требало да бидат подобро подготвени да го поднесат товарот на отпишувањето на грчките долгови.

EU-Gipfel Brüssel Euro Sarkozy Barroso

Претседателот Сакрози и шефот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо

Банките би требало свежиот капитал за оваа финансиска операција да го обезбедат прво на берзите, но доколку тоа не биде можно, тогаш ќе мораат на помош повторно да прискокнат државите. Тоа, пак, би значело делумно подржавување на некои од финансиските институти. Министрите за финансии наводно се заложиле и за тоа отпишувањето на грчкиот долг да се движи меѓу 50 и 60%. Само така Грција ќе може од крајот на оваа деценија повторно сама да почне да се финансира, сметаат експертите.

Во меѓувреме министрите за финансии ја одобрија следната трашна помош за Грција од осум милијарди евра. Со тоа државата ќе може да ги сервисира каматите на државниот долг што доспеваат до крајот на годината, како и да ги исплати платите на државните службеници.

Битка за довербата на граѓаните

Паралелно со министрите за финансии заседаваа и министрите за надворешни работи на ЕУ.

EU-Gipfel Brüssel Euro Papandreou

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу во Брисел

Тие преговараат за неопходните промени што треба да се внесат во Лисабонскиот договор за да се спречи повторување на должничката криза. Шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле порача дека преговорите се тешки и напорни, но дека се неопходни, бидејќи досегашните мерки предвидени во случај на преголемо задолжување на земјите членки не се доволни. Вестервеле побара новиот европски договор да овозможува директно интервенирање во буџетите на земјите со финансиски проблеми.

Австрија и Луксембург го отфрлија таквиот предлог, додека други држави му дадоа поддршка. Во секој случај идното лето треба се оформи нов Конвент на ЕУ, кој ќе ги подготви промените на Лисабонскиот договор. Потоа сите 27 земји членки на ЕУ ќе треба повторно да ги ратификуваат промените. „Не станува збор само за довербата на финансиските пазари. И довербата на граѓаните на Европа е системски релевантна“, нагласи Гидо Вестервеле.

Автор: Бернд Ригерт / Горан Чутаноски

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM