1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Спасот на еврото во рацете на германските уставни судии

Германскиот Уставен суд во Карлсруе, според планот, утре ќе ја објави одлуката по тужбите против европските спасувачки механизми.

Германскиот Уставен суд денеска објави, дека според планот утре ќе биде објавена пресудата по тужбата за европскиот спасувачки фонд и за фискалниот пакт.

CSU-Politiker Peter Gauweiler

Петер Гаувајлер

Во текот на изминатиот викенд пратеникот од ЦСУ Петер Гаувајлер поднесе барање за итна постапка бидејќи сакаше да постигне одлагање на пресудата за спасувачкиот фонд, оти смета дека со одлуката на Европската централна банка (ЕЦБ) за неограничено купување државни обврзници е создадена сосема нова ситуација. Чекорот водел до дополнително оптоварување на германскиот буџет без парламентарна контрола. Ова било противуставно. Затоа Гаувајлер бараше ново усно сослушување.

Германскиот Уставен суд во Карлсруе утре (12.09.), според првиот план, треба да ја објави својата одлука по тужбите против планираниот нов спасувачки фонд ЕСМ и европскиот фискален пакт за поголема буџетска дисциплина.

Гeрманија е единствената земја на еврото која досега не го спровела ЕСМ. Беше планирано спасувачкиот фонд да стартува уште во јули.