1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Спасеноски вели: Сѐ функционира нормално во Киев

Македонскиот амбасадор во Украина, Спасеновски вели дека состојбата во земјата не е толку драматична. „Дури и министрите на Франција, Германија и Полска спијат во Киев“, вели Спасеновски

Во Украина има околу 30 македонски државјани, од кои десетина работат во Киев. Ниту еден досега не побарал помош од нашата Амбасада за враќање дома поради актуелните немири во центарот на главниот град. Како што изјави за МИА амбасадорот Ацо Спасеноски, и да сака некој, може без проблем да ја напушти државата. Може да си купи карта и да си оди. Сѐ функционира нормално, железницата, патниот сообраќај, аеродромот. Се е проодно. И по улиците во градот ништо не е забрането.

Според него, каква било помош не побарал никој и во останатите странски амбасади, ниту некој од амбасадорите ја напуштил Украина.

„Нашата амбасада како и сите амбасади работи нормално, без ризик. До пред половина час бевме сите заедно, ги чекавме решенијата од Врховна Рада. Дури и министрите за надворешни работи на Франција, Полска и Германија се во посета на Украина и веќе два дена спијат во Киев“, рече Спасеноски.

Во Киев има десетина македонски државјани и претставништво на „Алкалоид“. Македонските работници, пак, се претежно во источниот дел на Украина, најмногу во Запорожје.

„Редовно сме во контакт со нив. Досега никој не изразил желба да ја напушти државата. Протестот се одржува на плоштадот, во централното градско подрачје, и во неколку градови на границата со Полска, во Западна Украина. Вчера претпладне се пукаше, попладнето се смири. Денеска е сосема мирно. Заседава Парламентот. Усната изјава беше дека во 12 часот ќе се задоволат барањата на опозицијата за предвремени претседателски избори и за враќање на Уставот“, истакна амбасадорот Спасеноски.