1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Спасени првите рудари во рудникот во Чиле

Неколкумина од вкупно 33 затрупани рудари во рудникот за бакар и злато во Чиле се извлечени на површината денеска (13.10.10) наутро со капсулата „Феникс 2“, а спасувачката операција продолжува.

default

Затрупаните рудари повторно на земја

Флоренсио Авалос е првиот рудар извлечен на површината по повеќе од двомесечниот престој во затрупаниот рудник, на длабочина од околу 700 метри. Веднаш по извлекувањето кое траеше 17 минути, тој ги прегрна својот син и сопругата и му се заблагодари на претседателот на државата

Chile Bergleute Bergarbeiter Rettung Mario Sepulveda

Извлечениот рудар по 68 дена под земја

Себастијан Пињера за извлекувањето. „Во оваа спасувачка операција ние Чилеанците го покажавме најдоброто. Ова е прекрасна ноќ, која Чилеанците и целиот свет нема никогаш да ја заборават“, изјави Пињера.

Вториот рудар извлечен утрово беше Марио Сепулведа, кој во текот на спасувачката акција се шегувал со спасувачите, а по излегувањето на површината, ги храбрел со зборовите „Одиме, одиме“. Откако излезе извикуваше „Да живее Чиле“.

Извлекувањето на останатите рудари се одвива без застој и се очекува целата акција да заврши најмногу за два дена.

Повеќе од два месеца во рудник

Chile Bergleute Bergarbeiter Rettung Florencio Avalos

Радосни мигови за пријателите и целата земја

Рударите поминаа 68 дена во жешката и влажна внатрешност на рудникот за бакар и злато Сан Хозе, во кој се случи хаварија на 5. август. Во првите 17 дена во кои беа целосно изолирани од светот, пред да бидат откриени, преживувале со еден залак туна и голтка млеко на секои 48 часа. Според информациите, тие во изминатите месеци ослабнале во просек по 10 килограми.

Веднаш по извлекувањето рударите се упатуваат на лекарски прегледи во полската болница која е монтирана во самиот рудник, а потоа со хеликоптер ќе бидат префрлени на испитувања во блискиот град Копиапо. Нивното извлекување е првото и досега единство од овој вид на толку голема длабочина.

Настанот, кој се претвори во вистински спектакл, освен роднините и најблиските на рударите, одблизу го следи и чилеанскиот државен врв како и околу 1.600 новинари од целиот свет.

Автор: БГ/ АТ/ дв

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM