1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Со што треба да се зафати новата влада?

Евроатлантските интеграции, решение за спорот со името, економските прашања, се дел од предизвиците, кои стојат пред новата македонска влада. За персоналните решенија во јавноста се’уште нема конкретна потврда.

default

Влада на Република Македонија

Мандатарот, Никола Груевски, по третпат за пет години ќе составува Влада, втора со ДУИ. Неделава, за формализирање на постапката, ќе се сретне со претседателот Ѓорѓе Иванов. Од него ќе треба да ја чуе и согласноста за трите персонални решенија, кои ќе ги водат ресорите одбрана, надворешни и внатрешни работи, каде шефот на државата има свои ингеренции. Потоа следуваат завршни преговори со претседателот на ДУИ Али Ахмети околу владините приоритети, пред премиерското експозе и промоција на новиот кабинет.

Mazedonischer Ministerpräsident Nikola Gruevski

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски

Министерството за одбрана и секторот за евроинтеграции, најверојатно, ќе бидат водени од кадри на ДУИ. Од една страна тоа би бил знак на доверба, дека членството во евроатлантските асоцијации е приоритетно прашање, што е етничка и програмска цел за Албанците во Македонија. „Но, тоа може и да биде замка, алиби, политика на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Исмет Рамадани, екс-пратеник и потпретседател на Евро-атлантскиот клуб. Тој додава: „Кога би имало сигнали, дека е на повидок компромис околу името, тогаш ВМРО-ДПМНЕ би си ги задржал за себе тие две министерства. Во спротивно тие би се растовариле од одговорноста, а ДУИ ќе биде политички одговорен за застојот во евроинтеграциите“, кажа Рамадани.

Во остро интонираниот текст ТВ Алсат, за време на викендот, коментираше - „Срам

Mazedonien Wahlen 2011

Претседателот на ДУИ Али Ахмети

за ДУИ. Со министер за одбрана и вицепремиер за евроинтеграции се излажа Али Ахмети и партијата, а Албанците од Македонија уште еднаш се разочарани и омаловажени. Зошто не се изборивте за шеф на дипломатија или прв човек на полицијата“, јавно запраша највлијателната телевизија на албански јазик во Македонија.

Во телефонски разговор, универзитетскиот професор Имер Исмаили за ДВ само кусо коментираше: „Поважно од персоналните решенија и распределбата на министерствата е одговорот: Дали Груевски и Ахмети се подготвени за брзо решение на спорот со Грција, но и кој врз кого ќе има политичко влијание за приоритетите на идната Влада на меѓународен план?“

По најновите податоци за пораст на македонската економија за околу 5 насто, во првата половина, бизнис заедницата живна. Но, бизнисменот Мирче Чекреџи, за ДВ предупредува. „Во услови на сиромаштија и слаба економија, во изборот на приоритетите, ние се залагаме за јакнење на стопанството, фирмите, па потоа инвестиции во капитални објекти и инфраструктура“. Ваква економска логика на приоритети на идната влада и сугерира Чекреџи, потпретседател на Сојузот на стопански комори.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM