1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Со хеликоптери против атомската катастрофа

Официјалниот број на загинати и повредени во земјотресот и цунамито во Јапонија утринава е зголемен на 14650. Само бројот на загинати изнесува 5321, соопшти полицијата. Нуклеарната катастрофа и натаму демне над земјата.

default

Од хеликоптери се истура вода врз загрозените реактори во нуклеарката Фукушима 1

Сино небо без облаци од чад над атомската централа Фукушима Даичи. На прв поглед изгледа дека не е на повидок натамошна ескалација на ситуацијата. Со оглед на тоа што не беше покачена радијацијата, два хеликоптери на јапонската армија исфрлија вода над реакторите, каде лежат прегреаните атомски јадра. На секое надлетување испуштаат по 7,5 тони вода над хаварисаниот реактор во блокот 3, каде е уништен покривот. Вчера инаку армијата мораше да ги прекине акциите поради измерената висока радијација. Пилотите сега може да надлетуваат на секои 45 минути, изјави министерот за одбрана Китасава:

„Дали операцијата ќе успее ќе покажат наредите часови.“ За да се има појасна слика, што се случува во внатрешноста на реакторите, помош пристигнува и од САД, јавува јапонската новинска агенција Кјодо. Имено беспилотни летала со специјални сензори треба да направат слики. Акцијата за ладење на реакторите ја поддржува и полицијата од Токио со 11 водени топови. Во текот на денот, ќе започне акцијата за ладење на прегреаните горивни елементи во реакторот број 4, најави владиниот портпарол Едано.

Japan / Atomkraftwerk / Fukushima / Block 3

Разурнат реакторски блок во Фукушима Даичи

Најголема опасност од реакторот 4

Фирмата Тепко, која управува со нуклеарната централа, и која беше силно критикувана поради кризиниот менаџмент, во меѓувреме е оптимист и во текот на денот има намера да спроведе електрична енергија до системите за ладење на нуклеарката, кои речиси една недела немаат електрично напојување.

Најголема опасност во моментов прозилегува од употребените нуклеарни прачки складирани во блокот 4, оти без ладење и искристените атомски прачки може да развијат нуклеарна синџирна реакција, која може да излезе од контрола. Садовите каде се чуваат искористените нуклеарни прачки не се заштитени со специјална обвивка, како што е случај кај прачките кои се користат во реакторите. Затоа опасноста за радијација е особено висока. Експертите сметаа дека наредните два дена ќе бидат одлучувачки, дали ќе дојде до топење на нуклеарното јадро и со тоа во најлош случај до голема нуклеарна катастрофа.

Japan Erdbeben Tsunami

Се’ подраматична ситуацијата и за преживеаните од земјотресот и цунамито

Драматична состојба во прифатните центри

Портпарол на владата за БиБиСи изјави дека и покрај ваквата ситуација не постојат планови за евакуација на населението од милионскиот град Токио и околината:

„Ние Јапонците, по атомските бомби во Хирошима и Нагасаки сме многу чувствителни, што се однесува до радиокативното озрачување. Сепак не може да забележите паника кога се движите низ Токио. Тоа е реалноста, тоа е искуство кое повеќето Јапонци го собираат во моментов.“

Во меѓувреме се’ подраматична е состојбата во прифатните центри на свероистокот на Јапонија. Освен уништената инфраструктура во региoнот, пристигнувањето на помошта го отежнуваат и зимските услови.

Автор: Нилс Кинкел/ Александра Трајковска

Редактор: Симе Недевски

DW.COM