1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Со фудбалот се заборава на се‘!

Гласни телевизори, полни кафулиња и речиси празни улици во време на натпреварите на ФИФА-СП, е сликата што во Македонија се повторува од ден на ден. Не се штедат емоциите. Ечи од секој отворен прозор.

default

Измешани навивачки страсти, уживање во мондијалските случувања. Се заборава на се‘, па и на тропските горештини овие денови во Македонија. Уживање во сликите од Јоханезбург, Преторија, Кејптаун, Рустенбург...иако фудбалот што се игра и не којзнае каков!

Кога се на сцена Бразилците, никој не е рамнодушен. Атмосферата во еден од познатите спортски центри во Скопје е вжештена. Како се доживува Мундијалот?

„Со Италија никогаш не се знае“

Ljupco Makelarski EX Volleyballspieler Mazedonien Sport

Љупчо Макеларски

Еден од најдобрите македонски одбојкари, некогаш славниот Љупчо Макеларски, не пропушта ниту еден меч:

„Светските првенства ги следам уште од 1966 година,откако почнаа да се пренесуваат на телевизија. Се сеќавам и на шампионатите претходно во 1958 –та година, во Шведска и 1962-та во Чиле.Ова светско првенство ми остава добар впечаток. Очекувам во наредната фаза уште подобар фудбал. Типувам на Аргентина дека ќе биде светски првак, иако мој фаворит е Италија, репрезентација со која никогаш не се знае.

„Навивам за Шпанија“

Stefan Gesoski EX Basketballspieler Mazedonien Sport

Стефан Гешоски

Средба и со Стефан Гешоски, кошаркарскиот репрезентативец на екс-Југославија:

„За мој вкус, овој период од првенството не е многу атрактивен! Се игра на резултат, за бодови. Ме изненади лошиот старт на Франција и на Италија. Прогнозирав дека Шпанија ќе победи. Играше одлично и на Европското првенство и во квалификациите за Светското првенство. Би сакал Шпанците да триумфираат, иако постојани фаворити се Аргентина и Бразил.“

„Изостанува очекуваниот фудбал“

Светското првенство од стручен агол,од позиција на Никола Илиевски, екс-селекторот на македонската фудбалска репрезентација, изгледа вака:

„Треба да бидеме задоволни од успешниот старт на светското првенство, затоа што се стравуваше од можни безредија, од случувања во и надвор од стадионите, предизвикани од навивачите. Дали е влезен некаков страв кај играчите, не знам, бидејќи засега кај нив се чувствува

Nikola Ilievski EX Nationalfußballtrainer Mazedonien Sport

Никола Илиевски

резервираност во играта, ја нема слободата на движењата. Можеби е тоа една од причините што изостанува очекуваниот фудбал!“

Ова е Мондијал на неочекувани резултати. На прашањето - на што се должат тие, Илиевски вели:

„Квалитетот на фудбалот, од аспект на тактика и физичка подготвеност, веќе е горе-долу присутен кај сите фудбалери,кои играат во силните европски клубови. Тоа значи дека системите и тренажниот процес им се добро познати. Тоа значи добра подготвеност! А кога се во прашање игрите за репрезентација постои и мотив повеќе, особено кај помалите држави. Тие засега добро им парираат на фаворитите!“

Обложувалници - обложувачи 1:0

Никола Илиевски очекува финале Јужна Америка-Европа, се‘ едно дали тоа ќе биде натпревар меѓу Аргентина и Германија или Бразил против Србија или Холандија. „Тоа се моите 5-6 фаворити во кои јас го гледам новиот светски шампион“, вели Илиевски.

Засега омразени, но истовремено многу посетувани места се десетиците и десетиците обложувалници низ Скопје. Исходот од вечната битка меѓу букмејкерите и обложувачите е дискреционо право на едните и другите. Засега сјајот на лицата на газдите на обложувалниците зборува се‘. Кај ловците на лесна заработувачка е молк. Кој води, не е тешко да се погоди.

Автор: Златко Калински

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска